Криси Тиген им возврати на сите кои ја критикуваа што му стави кацига за оформување на главата на бебето Мајлс
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Криси Тиген им возврати на сите кои ја критикуваа што му стави кацига за оформување на главата на бебето Мајлс

Криси Тиген им возврати на сите кои ја критикуваа што му стави кацига за оформување на главата на бебето Мајлс

Критичарите секогаш ќе критикуваат, а Криси Тиген не пропушта да им возврати на зајадливите коментари на социјалните мрежи.

Откако вчера 33-годишниот модел сподели дека нејзиното бебе ќе носи кацига за оформување на главата поради плагиоцефалија или сплесканост, веднаш наиде на спротивставени коментари. Додека многумина ѝ се заблагодарија што ја подигнува свеста кај луѓето и споделија свои искуства, други побрзаа да ја критикуваат нејзината одлука, а трети ја „советуваа“ дека не секоја форма на главата треба да биде коригирана.

Криси Тиген Криси Тиген

Еве што им напиша Криси на троловите на Twitter:

„Добро утро тролови! Само пријателски потсетник дека навистина не знаете апсолутно сè. Мајлс посетува физиотерапевт, не преминавме директно на шлем. Се обидовме со вежби за мускулите и ќе продолжиме. А и вашето дете со рамна глава е супер, да, да, се согласувам...“ – напиша таа.

„Само не сакав да ги видите фотографиите и да се прашувате. Не промовирам ништо. Само ја споделувам нашата приказна. Можете да се вратите на вашиот живот сега“ – додаде таа.

Подоцна, познатата сопруга на Џон Леџенд сподели видео на кое танцува со ќеркичката Луна и повторно доби критики дека го крева малото девојче за рацете.

„Во право бевте за танцувањето. Можев да ѝ ги откорнам рацете на Луна и ќе бидам повнимателна. Се внесов во моментот и длабоко се извинувам“ – напиша таа.

Тиген е една од најактивните славни личности на социјалните мрежи и редовно им возвраќа на оние кои ги критикуваат нејзините одлуки како родител.

Криси и Џон се родители на 2-годишната Луна и 6-месечниот Мајлс.

Анкета

Анкета
Каде ќе го прославите доаѓањето на 2019 година?
  • 5%
  • 54%
  • 4%
  • 15%
  • 1%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 586 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.