Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Крај за уште еден холивудски брак: Џенифер Анистон се разведува од Џастин Теру

Крај за уште еден холивудски брак: Џенифер Анистон се разведува од Џастин Теру

Џенифер Анистон и Џастин Теру се разведуваат. Парот сподели дека одлучил да се раздели на крајот на минатата година.

Џенифер Анистон и Џастин Теру

„Во нормални услови, би го зачувале ова приватно, но имајќи предвид дека индустријата за озборувања не може да ѝ одолее на можноста да шпекулира и измислува, сакавме директно да ви ја кажеме вистината. Што и да е друго испечатено за нас, а не доаѓа директно од нас, е нечија измислена приказна. Пред сè, ние сме решени да ја зачуваме длабоката почит и љубовта која ја имаме еден кон друг“ – се вели во соопштението од Анистон.

Џенифер Анистон и Џастин Теру

49-годишната ѕвезда од „Friends“ и 46-годишниот актер од „The Leftovers“ се запознаа во 2008 година, но започнаа да се состануваат три години подоцна. Во август 2015 година се венчаа во дворот на нивната куќа.

Џенифер Анистон и Џастин Теру Џенифер Анистон и Џастин Теру Џенифер Анистон и Џастин Теру

Ова беше прв брак за Џастин и втор за Џенифер, која претходно беше во брак со Бред Пит.

Џенифер Анистон и Бред Пит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10404 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.