Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ким Кардашијан и Кание Вест го добија третото дете со сурогат-мајка и го открија полот

Ким Кардашијан и Кание Вест го добија третото дете со сурогат-мајка и го открија полот

Ким Кардашијан и Кание Вест имаат за што да слават. Популарниот пар му посака добредојде на своето трето дете благодарение на сурогат-мајка.

Убавата вест за раѓањето на ќеркичката ја објави самата Ким на својот сајт. „Таа пристигна. Кание и јас сме среќни што го најавуваме доаѓањето на нашата здрава, убава ќеркичка. Бескрајно им сме благодарни на нашата сурогат-мајка која ни ги оствари соништата со најголемиот подарок кој може некој да го даде и на прекрасните доктори и сестри за специјалната грижа. Норт и Сент се особено возбудени што ѝ посакаа добредојде на нивната сестричка. Со љубов, Ким Кардашијан Вест“ – напиша таа и додаде дека девојчето се роди вчера и е тешко 3,35 килограми.

Според информациите до кои дојде TMZ, на сурогат-мајката ѝ биле платени 45.000 долари.

Ким Кардашијан

Ким имаше компликации во текот на втората бременост и докторите ја советуваа дека третата бременост би била премногу ризична за неа.

37-годишната реалити ѕвезда и 40-годишниот рапер стапија во брак во мај 2014 година. Нивната ќерка Норт се роди на 15 јуни 2013 година, а малиот син Сент дојде на овој свет на 5 декември 2015 година.

Ким Кардашијан
Ким Кардашијан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.