„Ѝ посакувам само здравје и среќа“: Лиам Хемсворт со порака на Instagram за разделбата со Мајли Сајрус
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ѝ посакувам само здравје и среќа“: Лиам Хемсворт со порака на Instagram за разделбата со Мајли Сајрус

„Ѝ посакувам само здравје и среќа“: Лиам Хемсворт со порака на Instagram за разделбата со Мајли Сајрус

Деновиве, разделбата на Лиам Хемсворт и Мајли Сајрус е жешка тема.

Откако папараците и новинарите со денови ја нарушуваа приватноста на 29-годишниот актер и ширеа лажни изјави во негово име, тој одлучи да објави кратка порака за разделбата со 26-годишната пејачка.

На Instagram, Лиам напиша: „Здраво на сите! Само една брза порака за да ви кажам дека со Мајли неодамна се разделивме и ѝ посакувам само здравје и среќа понатаму. Ова е приватна работа и јас не сум давал, ниту ќе давам, изјави на никои новинари или медиуми. Сите цитати кои ми се препишани мене се лажни. Љубов и мир“.

Викендов, претставник на Мајли објави дека таа и Лиам се разделуваат. „Мајли и Лиам се согласија да се разделат. Континуирано менувајќи се како партнери и индивидуи, тие одлучија дека најдобро е и двајцата да се фокусираат на себе и нивните кариери. Тие сè уште ќе останат посветени родители на сите нивни заеднички миленици. Ве молиме почитувајте ја нивната приватност“ – рече претставникот.

Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт

Следниот ден, популарната пејачка беше фотографирана како се бакнува со новата девојка Кејтлин.

Мајли Сајрус и Кејтлин Картер Мајли Сајрус и Кејтлин Картер Мајли Сајрус и Кејтлин Картер Мајли Сајрус и Кејтлин Картер

Парот беше во врска 10 години пред да стапи во брак во декември 2018 година.

Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 12%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 5997 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?