Ирина Шајк проговори за тоа дека била сиромашна додека растела и била исмејувана за облините
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ирина Шајк проговори за тоа дека била сиромашна додека растела и била исмејувана за облините

Ирина Шајк проговори за тоа дека била сиромашна додека растела и била исмејувана за облините

Ирина Шајк сними фотосесија во костими за капење за списанието ES.

32-годишната убавица од Русија заводливо позираше пред фотоапаратот на Елен фон Унверт во едноделни костими и во бикини.

Ирина Шајк Ирина Шајк

Шајк секогаш е мистериозна кога е во прашање нејзиниот приватен живот и се обидува да го скрие од јавноста. Но, во интервјуто за списанието отворено зборуваше за своето минато, за сиромаштијата, првите чекори во светот на модата и за малата ќеркичка со Бредли Купер.

Можеби нема да ви се верува, но Шајк немала видено модно списание сè додека не зачекорила на натпреварот за убавина Мис Чељабинск во 2004 година, кој се одржувал кога таа имала 18 години. Атрактивната Русинка, која има соработувано со врвни брендови како Versace и Victoria’s Secret, воопшто немала амбиции да стане модел.

Ирина е родена во сиромашно семејство, кое никогаш не ги пропуштало културните настани. Нејзиниот татко бил рудар, а мајка ѝ работела како учителка по пијано. Додека растела, таа постојано одела на опера, балет и театар, а седум години учела во музичко училиште кое не го сакала.

Ирина Шајк Ирина Шајк

Таа потпишала договор со модна агенција на 20-годишна возраст сакајќи да придонесе финансиски во семејството.

„Немав поим каква ќе биде работата како модел. Сè што мислев беше дека можеби ќе снимам фотосесии за каталози за да му помогнам на семејството. Воопшто не зборував англиски. Во Париз, живеев во мал апартман со други девојки. Имавме 40 евра џепарлак за цела недела. Во недела сите јадевме ориз зашто не ни остануваа пари. Во понеделник наутро се качувавме во метро со преостанатото 1 евро и одевме во агенцијата да земеме пари за следната недела. Беше тешко време, но забавно време“ – рекла Ирина.

Покрај тоа што се соочувала со финансиски проблеми во своите почетоци како модел, таа била и исмејувана поради облините.

„Другите девојки ме исмејуваа, велејќи: ‘Таа не изгледа како модел’. Тие беа супер слаби и беа вклучувани во сите ревии. Секојпат кога ќе одев на кастинзи, не ме ангажираа затоа што не можев да се соберам во мали алишта. Имав потемна кожа и бев повеќе од типот секси, имав гради. Сега, кога се враќам во Париз, шоферот ме зема и престојувам во многу убав хотел. Тоа што сум била таму некогаш, без пари, ми дава до знаење дека ништо не доаѓа лесно и уште повеќе ги цениш работите“.

Ирина Шајк Ирина Шајк

Шајк вели дека сака своите вредности да ѝ ги пренесе на ќерка си, иако растат во сосем поразлична средина, и дека е строга мајка.

„Се разбира дека нема да ја испратам назад на село, но можеш да растеш во богато семејство, во сиромашно семејство, во семејство од средна класа и да имаш добри вредности. Зависи како ќе те научат. Мајка ми и баба ми нè држеа приземни и нè научија на добри манири и почит кон повозрасните. Дефинитивно ќе ѝ го пренесам тоа на ќерка ми“ – изјавила Ирина.

„Јас сум Русинка, па многу сум строга. Јас сум и јарец, значи сум супер строга“ – додала таа.

Ирина Шајк Ирина Шајк

За тоа што не сака да го експонира приватниот живот во јавност, Шајк рекла: „Затоа се нарекува приватен живот, бидејќи е мој. Многу сум заштитнички настроена кон него. Не чувствувам дека треба да зборувам за него или да го промовирам. Надвор од мојата работа, јас сум нормална личност, и сакам да излегувам од мојата куќа како нормална личност. Не сакам некој да го пика носот во моите работи“.

Ирина Шајк

Анкета

Анкета
Дали ќе гласате на референдумот на прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“
  • 25%
  • 5%
  • 70%
Се испраќа...

(Вкупно: 8839 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

- Мамо, што е љубовница?

- Тоа, мамино, е лоша тетка која ни краде од семејниот буџет.

- А љубовник?

- Е тоа е добар чичко, кој му помага на татко ти.