Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Зарем не си среќен човек?“: Емра Куртишова со забавна фотографија за годишнината со Петар Стојанов

„Зарем не си среќен човек?“: Емра Куртишова со забавна фотографија за годишнината со Петар Стојанов

Емра Куртишова и Петар Стојанов ја прославија втората годишнина од стапувањето во брак.

За да го одбележи овој специјален ден, 39-годишната актерка сподели забавна фотографија со сопругот, кој ѝ е и колега. На неа, ѕвездата од „Преспав“ и нејзиниот сакан глумат во претставата „Куќата на духовите“ на Деан Дамјановски.

Емра Куртишова и Петар Стојанов

„Уште една година мој сопруг! Зарем не си среќен човек? Буаахахахахааа. Среќна годишнина љубави“ – напиша „Исаура“.

Петар шеговито ѝ одговори: „Морам! Само нека се множат! Love you honey“.

Емра Куртишова и Петар Стојанов

И минатата година, парот на невообичаен начин си ја честиташе годишнината.

„Да ни се множат, љубави. Ти си единствениот којшто сакам да го нервирам до крајот на животот. Love youuuuu“ – напиша Емра тогаш.

Емра Куртишова и Петар Стојанов

Емра и Петар стапија во брак во јуни 2023 година, а нивната ќеркичка Лена се роди во октомври истата година.

Емра Куртишова и Петар Стојанов Емра Куртишова и Петар Стојанов

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26721 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.