Двејн Џонсон објави фотографија на која ја храни саканата додека таа ја дои малата ќеркичка, доби пофалби
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Двејн Џонсон објави фотографија на која ја храни саканата додека таа ја дои малата ќеркичка, доби пофалби

Двејн Џонсон објави фотографија на која ја храни саканата додека таа ја дои малата ќеркичка, доби пофалби

Двејн Џонсон доби море пофалби од целиот свет откако објави фотографија на која ја храни својата сакана, додека таа ја дои нивната мала ќеркичка.

„Мама Лорен има полни раце доејќи го бебето Тиа, па јас ја хранам мама со нејзината вечера. Задоволство ми е“ – напиша 46-годишниот актер и додаде дека многу ја почитува Лорен и сите мајки кои се справуваат со овие работи.

На постот на Instagram, „The Rock“ има над 5 милиони допаѓања и илјадници коментари.

A post shared by therock (@therock) on

„Ова е вистински маж“, „На секоја жена ѝ треба ваков маж“, „Ти си прекрасен сопруг и Лорен е среќничка што те има“ – се дел од коментарите на социјалната мрежа.

Ова не е првпат Двејн да ја искаже својата почит кон мајките и жените. По раѓањето на неговата трета ќерка тој сподели фотографија со новороденото бебенце и напиша:

 Двејн Џонсон

Кожа на кожа. Нашата моќ. Благословен и горд сум што носам уште една силна девојка на овој свет.

Тијана Џија Џонсон дојде на овој свет како сила на природата, а мама Лорен се породуваше и роди како вистинска рок ѕвезда.

Целиот мој живот растев опкружен со силни, грижливи жени, но откако присуствував на раѓањето на Тија, тешко можам да го опишам новото ниво на љубов, почит и восхит кои ги имам кон Лорен и кон сите мајки и жени низ светот.

Совет за мудрите џентелмени: важно е да стоите покрај вашата дама кога се пораѓа и да ѝ понудите колку што е можно поголема поддршка... да држите раце, да држите нозе, да правите сè што можете. Но, ако сакате да го разберете најмоќниот и најважен момент што животот може да ви го понуди, гледајте го вашето дете како се раѓа. Тоа ќе ви го промени животот, а почитта и восхитот што ќе ги имате кон жените ќе бидат бескрајни засекогаш.

А до мојата трета и најмлада ќерка: Тијана Џија, како што направив и со твоите две поголеми сестри Симона Александра и Џасмин Лиа кога се родија тие, ти давам збор дека ќе те сакам, штитам, насочувам и смеам до крајот на мојот живот.

Твојот луд татко има многу обврски и носи многу улоги на овој свет, но тоа што ти сум татко е улогата која со најголема гордост ќе ја носам.

И уште едно нешто... Ќе обожаваш да се прпелкаш во пикапот на тато.

Двејн и Лорен заедно имаат и 2-годишна ќеркичка. The Rock има и 16-годишна ќерка од бракот со Дени Гарсија.

 Двејн Џонсон

Анкета

Анкета
Дали таткото треба да присуствува во породилната сала за раѓањето на бебето?
  • 25%
  • 54%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 2533 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.