Викторија Бекам планира да тужи ресторан зашто ја нарече анорексична за да продава пица
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Викторија Бекам планира да тужи ресторан зашто ја нарече анорексична за да продава пица

Викторија Бекам планира да тужи ресторан зашто ја нарече анорексична за да продава пица

Викторија Бекам наводно планира да тужи ресторан зашто ја нарече анорексична, уништувајќи ѝ го угледот, само за да ги направи попривлечни и да ги продава своите пици.

Според изјава на портпарол на 43-годишната дизајнерка, таа бара правен совет во однос на контроверзната реклама.

„Многу е несоодветно да се тривијализира вакво нарушување, и да се клевети толку непромислено репутацијата на една личност на ваков начин, па затоа бараме правен совет“ – изјавил тој за Fox News.

Реклама

На рекламниот постер на „Sidhu Golden Fish and Chips“ прикажана е костуреста карикатура од сопругата на Дејвид Бекам и е именувана „анорексична модна икона“. До цртежот има пица која ја опишуваат како потенка од Викторија. „Нашето ново Викторија Бекам тенко тесто, само 2 милиметри!!! Е ова е тенко“ – стои на постерот.

Реклама

Претставник на хуманитарна организација за анорексија ја опишал оваа постапка како ужасна. „Ова е чекор во погрешна насока. Луѓето одговорни за ова треба да се засрамат. Рекламата става луѓе во вистински ризик. Оние кои страдаат од нарушување во исхраната константно се борат со нивните чувства и мисли. Тие ќе ја видат рекламата и ќе започнат да се споредуваат себеси со големината на Викторија Бекам“ – изјавил тој.

Реклама Реклама

Менаџерот на ресторанот објаснил дека нивните клиенти ја разбираат „хумористичната“ страна на рекламата. „Како менаџер, и во име на целиот персонал и сопствениците, сакам да истакнам дека ние препознаваме колку сериозни се нарушувањата во исхраната и никогаш не би ја омаловажиле сериозноста на тоа нарушување. Рекламата е наменета на забавен начин да мами насмевка кај луѓето и да им помогне да избегаат од секојдневниот метеж и вревата на животот. Би биле искрено ужаснати ако некој навистина се навреди“ – рекол менаџерот, додавајќи дека рекламата е поставена на нивното комбе веќе три години.

Реклама

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 20%
  • 72%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 16290 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.