ВИДЕО: Џими Кимел низ солзи раскажа за операцијата на срцето на новороденото синче
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Џими Кимел низ солзи раскажа за операцијата на срцето на новороденото синче

ВИДЕО: Џими Кимел низ солзи раскажа за операцијата на срцето на новороденото синче

Џими Кимел дозволи емоциите да го надвладеат додека зборуваше за операцијата на срцето на неговото новородено синче, само неколку дена по раѓањето.

Во своето шоу, 49-годишниот водител соопшти дека неговото четврто дете се родило на 21 април, но три часа по раѓањето, медицинската сестра која го прегледувала чула шум во неговото срце и забележала дека телото му е малку виолетово.

Докторите веднаш го прегледале новороденчето и утврдиле дека не прима доволно кислород. Нему му била дијагностицирана срцева болест (Тетралогија Фалот).

Момчето, кое го доби името Вилијам Џон Кимел, минало низ тричасовна успешна операција на отворено срце.

Синот на Кимел

Втора операција ќе мора да биде направена за три до шест месеци, а кога момчето ќе потпорасне, ќе мине и низ трет хируршки зафат. „Тоа беа најдолгите три часа во мојот живот“ – вели Кимел во видеото.

ВИДЕО:

Синот на Кимел Синот на Кимел

И покрај тешкиот период низ кој минува, Џими не ја изгуби смислата за хумор и на повеќепати се шегува во видеото.

Тој им се заблагодари на сите медицински лица кои се грижеле за здравјето на неговото малечко чедо.

Вилијам е второ заедничко дете на Џими и Моли Мекнири. Кимел има уште две деца со поранешната сопруга Џина.

И Моли сподели нова фотографија и напиша: „Благодарна сум што ги сакам и што сум сакана од овие двајца храбри момци. И двајцата плачковци.“

Синот на Кимел Синот на Кимел

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4167 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?