Бритни Спирс престојува во установа за ментално здравје поради емотивниот стрес од тешката болест на татко ѝ
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бритни Спирс престојува во установа за ментално здравје поради емотивниот стрес од тешката болест на татко ѝ

Бритни Спирс престојува во установа за ментално здравје поради емотивниот стрес од тешката болест на татко ѝ

Бритни Спирс тешко се справуваше со здравствената состојба на татко си и одлучи да се предаде во рацете на специјалисти во установа за ментално здравје.

Според информации до кои дојде порталот TMZ, 37-годишната пејачка пред една недела се пријавила во специјализирана установа и предвидено е да остане таму еден месец.

Бритни Спирс

Нејзината последна порака на Instagram вели: „Сите треба да издвојуваме време за малку ‘време за себе’“.

На почетокот на годината, Спирс објави дека ги одложува концертите „Domination“ за да му се посвети на семејството и својот татко.

„Важно е секогаш да го ставате семејството на прво место... и тоа е одлуката која ја донесов. Пред неколку месеци, татко ми беше хоспитализиран и за малку ќе умреше. Многу сме благодарни дека остана жив, но сè уште има долг пат пред него. Морав да ја донесам тешката одлука да ги насочам својот фокус и енергија кон моето семејство. Се надевам дека можете да ме разберете“ – напиша таа во јануари.

Таткото на Бритни, Џејмс Спирс, преживеа спонтатна руптура на дебелото црево и помина низ две операции. Но, последната операција била проследена со компликации и се наоѓа во лоша состојба.

Џејми ѝ беше голема поткрепа на Бритни, која подолго време се соочуваше со психички проблеми. Нејзината состојба ескалираше кога во 2007 година си ја избричи главата и со чадор ги нападна папараците, но во последните години покажуваше дека сè е под контрола.

Бритни Спирс

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 8594 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.