Криси Тиген го користи слободното време за да се поврзе со своето семејство.
32-годишната трудница беше фотографирана со малата ќерка Луна, татко си и мајка си на семеен ручек во хотелот „Bel Air“ во Лос Анџелес, Калифорнија. Познатата сопруга на пејачот Џон Леџенд избра комфорна облека и шешир, додека 2-годишното девојче носеше цветно фустанче.
На почетокот од годината, Криси откри дека очекува момче.