Бред Пит за бракот со Анистон, за животот со Анџелина
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бред Пит за бракот со Анистон, за животот со Анџелина

Бред Пит за бракот со Анистон, за животот со Анџелина

Последното интервју на Бред Пит за списанието „Parade“ се претвори во извор на шпекулации и скандалозни приказни низ медиумите. Во интервјуто Пит отворено признал дека неговиот живот во 90-тите години бил патетичен и неинтересен.

90-тите години ги поминав во криење. Започна да ми станува лошо од самиот себе што седев на кауч со џоинт, криејќи се. Почна да станува патетично. Ми стана јасно дека сакав да пронајдам филмови за интересен живот, но јас самиот немав таков. Мислам дека мојот брак имаше врска со тоа. Тоа што се престорував дека бракот е нешто што не е.

Бред Пит

Бред Пит

Набргу по објавувањето на интервјуто, започнаа да се шират наслови дека Бред Пит го обвинува бракот со Анистон за својот неинтересен живот. Но, Пит не остана рамнодушен на таквите коментари и преку соопштение обвини дека неговите зборови се погрешно интерпретирани.

„Ме натажува тоа што моите зборови беа интерпретирани на таков начин. Џен е неверојатно дарежлива, полна со љубов и интересна жена којашто ми остана пријателка. Тоа е важна врска што многу ја ценам. Мојата поента не беше дека Џен е досадна, туку дека јас си станував досаден самиот на себе, за кое сум јас одговорен“ – објаснил Пит.

Во интервјуто за „Parade“ Бред призна и дека создавањето на семејство со Анџелина е најумното нешто што го направил и дека сега е позадоволен од својот живот.

Едно од најголемите, најпаметните работи кои некогаш сум ги направил е што им ја дадов на моите деца Енџи за мајка. Таа е толку добра мајка. Ох, човеку, толку сум среќен што ја имам.

Бред Пит

Бред Пит

Исто така, познатиот актер дал коментар за невистинитите приказни кои се шират постојано за него и за Џоли. „Мислам, колку приказни имате прочитано што не се точни, приказни за мене и за Енџи дека сме во брак или дека се караме или дека сме разделени? И кога нема да се разделиме, започнува нова рунда како сме се смириле и дека повторно сме задно! Ќе се земеме кога секој ќе може да го направи тоа. Не се разделуваме. И сè уште немаме седмо дете“ – додал Пит.

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 66%
  • 15%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 2126 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.