Џиџи Хадид наполни 23 години.
Атрактивната манекенка го прослави својот роденден во Њујорк во друштво на најблиските. Успешната Американка шармираше во златен фустан од Версаче и „лобутинки“ додека се упатуваше на роденденската забава. Таа беше придружувана од сестра си Бела, која носеше фустан од Кристијан Диор и сандали од Џими Чу.
Златен фустан за пригодата избра и мајката на Џиџи, Јоланда. На роденденот беа присутни и татко ѝ Мохамед и брат ѝ Анвар, како и најблиските пријатели.
Претходно, на социјалните мрежи, убавиот модел беше опсипан со пораки од саканите.