Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли со шесте деца на премиерата на нејзиниот нов филм

Анџелина Џоли со шесте деца на премиерата на нејзиниот нов филм

Анџелина Џоли го промовира својот нов филм „First They Killed My Father“ на Филмскиот фестивал во Торонто заедно со своите шест деца.

Популарната актерка носеше асиметричен црн фустан од британската модна куќа Ралф и Русо на премиерата на која присуствува и 16-годишниот Медокс, 13-годишниот Пакс, 12-годишната Захара, 11-годишната Шајло и 9-годишните близнаци Вивиен и Нокс.

Заедно со нив позираа и Лун Ун, по чија книга беше сниман филмот и двете млади ѕвезди кои глумат во него.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

42-годишната ѕвезда влезе во улогата на режисерка за биографскиот филм, кој ја прикажува војната низ очите на дете, раскажувајќи ја вистинската приказна за животот и детството на Лун Ун. Ун, која ѝ е многу добра пријателка на Џоли, ги изгуби своите родители и двете сестри во војната во Камбоџа.

„Кога првпат ја прочитав, навистина допре до мене, но не помислував да снимам филм... Лун ми стана пријателка и останавме пријателки 16 години“ – изјавила Џоли и дополнила дека нејзините деца ја нарекуваат Лун своја тетка.

Двете најстари деца на Џоли беа вклучени во снимањето на филмот зад сцената. За Медокс ова бил многу важен проект, бидејќи раскажува дел од историјата на земјата од која е посвоен.

„Сакав да се фокусирам не само на војната, но и на семејната љубов и убавината на државата. И всушност, сакав да разберам низ што имаат поминато биолошките родители на мојот син. Сакав да го запознаат него подобро и сакав да ја запознам оваа земја подобро“ – вели Џоли, алудирајќи на синот Медокс.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Филмот ќе започне да се прикажува на Netflix на 15 септември.

Трејлер за „First They Killed My Father“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.