Анџелина Џоли и Бред Пит „на нож“, таа го обвинува дека не плаќа доволно за децата
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли и Бред Пит „на нож“, таа го обвинува дека не плаќа доволно за децата

Анџелина Џоли и Бред Пит „на нож“, таа го обвинува дека не плаќа доволно за децата

Разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит станува сè подраматичен. Холивудските ѕвезди деновиве се препукуваат и на суд и преку медиумите.

Откако беше обелоденето дека Џоли на суд го обвинува Пит дека не плаќа „доволно издршка за децата“, нејзината адвокатка изјави: „Пит е должен да плаќа издршка за децата. До денес, нема платено доволно издршка.“

Анџелина Џоли и Бред Пит

Тимот на Бред возврати со обвинување дека славната актерка ги манипулира медиумите и прикажува искривена слика. Преку својот адвокат, 54-годишниот актер објави дека ѝ позајмил на Џоли 8 милиони долари за да ја купи куќата во која моментално живее со децата и дека платил 1,3 милиони долари за трошоците околу малолетните деца.

Не помина долго време пред тимот на Џоли да даде коментар дека „заем е заем, а не издршка за децата“. Адвокатката на Џоли појасни и дека таа си стои на зборот дека ќе го отплати заемот и дека засега плаќа камата за истиот.

Преку ново соопштение, адвокатката на Џоли даде нивно објаснување на ситуацијата: „Она што беше поднесено на суд денес од страна на Бред е блед обид за прикривање на вистината и одвлекување на вниманието од фактот што тој не ги има исполнето неговите законски должности за издршка на децата.“

„По инцидентот во септември 2016 година, Анџелина и децата имаа потреба да се иселат од семејниот дом, кој Бред одлучи да го задржи, вклучително и сè што имаше во него.“

„Од Бред беше побарано да помогне за трошоците за новиот дом на Анџелина. Тој ѝ позајми на Анџелина пари, за кои ѝ наплаќа камата. Заемот не е издршка и неточно e да се прикажува како таков. Џоли бара Бред да плати 50% од трошоците за децата. Во изминативе две години, Анџелина ги носеше на свој грб најголем дел од трошоците без негов придонес. Издршката за децата не е опционална во Калифорнија.“

Анџелина Џоли и Бред Пит

Пред две години Џоли поднесе документи за развод. Како причини за разводот беа наведени конфликти околу децата, злоупотреба на супстанции и проблеми со контролата на бесот. Истиот месец Пит беше под истрага од социјалните служби на Лос Анџелес за вербално и физичко малтретирање на децата.

Истрагата започна откако сведок го пријавил инцидентот во приватен авион со кој патувало семејството. Наводно, Бред се испијанил, започнал да вика и физички да ги малтретира децата. Тој инцидент ја поттикнал Џоли неодложно да поднесе документи за развод.

Џоли и Пит беа во врска повеќе од една деценија. Тие се зближија за време на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“. Својата љубов ја крунисаа со венчавка во Франција на 23 август 2014 година. Заедно имаат шест деца - Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

Анкета

Анкета
Дали таткото треба да присуствува во породилната сала за раѓањето на бебето?
  • 25%
  • 54%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 3168 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.