Втора среќа за руската пејачка во инвалидска количка која лани поради забрана за влез во Украина не учествуваше на Евровизија
Почетна » Новости » Музика » Втора среќа за руската пејачка во инвалидска количка која лани поради забрана за влез во Украина не учествуваше на Евровизија

Втора среќа за руската пејачка во инвалидска количка која лани поради забрана за влез во Украина не учествуваше на Евровизија

Јулија Самојлова, која минатата година поради забрана за влез во Украина не ја престави Русија на Евровизија во Киев, доби втора шанса. 28-годишната руска пејачка оваа година ќе настапи на музичкиот натпревар во Лисабон со песната „I Won't Break“.

Слушнете ја песната и погледнете го спотот на девојката во инвалидска количка, која не дозволува хендикепот да ја спречи да си ги оствари соништата.

На Јулија не ѝ беше дозволено да влезе во Украина поради нејзината посета на Крим во 2015, територија која беше припоена кон Русија. Организаторите ѝ понудија на руската пејачка да учествува во натпреварот преку сателит, но таа ја одби понудата.

Јулија Самојлова

Самојлова е во инвалидска количка уште од своето детство, бидејќи поради ′рбетна мускулна атрофија таа ја има изгубено способноста да се движи. Во 2013 година, Јулија го освои второто место во шоуто „Фактор А“, руска верзија на „The X Factor“, а во 2014 година таа учествуваше во церемонијата на отворањето на Зимската Параолимпијада.

Јулија Самојлова Јулија Самојлова Јулија Самојлова Јулија Самојлова Јулија Самојлова

Потсетете се на песната со која Јулија требаше лани да настапи на евровизиската сцена.

Анкета

Анкета
Дали ќе гласате на референдумот на прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“
  • 25%
  • 5%
  • 70%
Се испраќа...

(Вкупно: 8838 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

- Мамо, што е љубовница?

- Тоа, мамино, е лоша тетка која ни краде од семејниот буџет.

- А љубовник?

- Е тоа е добар чичко, кој му помага на татко ти.