Шест македонски модели од различни генерации во модна кампања за МАРКОВ
Почетна » Новости » Мода » Шест македонски модели од различни генерации во модна кампања за МАРКОВ

Шест македонски модели од различни генерации во модна кампања за МАРКОВ

По ревијата која се одржа на 24 март во објектот на Националната галерија на Македонија – Даут Пашин Амам, дизајнерот МАРКОВ продолжува со промоција на претставената колекција, трета по ред, низ кампања во која се појавуваат шест истакнати македонски модели од различни генерации.

Кампањата, чиј креативен концепт е резултат на колаборација помеѓу МАРКОВ и фотографката и стилистка Јована Зука, ја претставува гламурозноста на жената во секоја етапа од животот, низ модната призма на дизајнерот.

Манекенки во различни фази од своите животи, дел со веќе импресивни, долгогодишни кариери, но и свежи лица чие време допрва доаѓа, се фотографирани во маркантни изданија на впечатливи скопски локации препознатливи по својата бруталистичка, модерна архитектура. На кампањата се работело во периодот од февруари до мај, на шест засебни фотосесии. Истата беше премиерно претставена минатата недела на социјалните мрежи на Марков, Зука и моделите кои беа дел од неа.

Кампањата на Марков

Шесте ѕвезди на оваа кампања се Надица Георгиева, фотографирана во долга вечерна тоалета инспирирана од операта, Катарина Ивановска, во сензуален, но истовремено и силен црн комплет инспириран од мистериозна птица, Сани Богдановска во строго пругасто троделно одело чија главна референца е моќниот машки бизнис-костим, Маја Сашек во женствен бохо фустан со мотив на магнолии, како и младите модели Горјана Кулишевска во авангарден комбинезон дизајниран по мондријански принцип на врамени обоени полиња и Миа Симоновска во сензуална интерпретација на женски „power-suit“.

Кампањата на Марков
Кампањата на Марков

Шесте МАРКОВ жени со својата специфична убавина, животна приказна, карактер и појава, и кампањата која ги обединува, целат кон тоа да покажат дека гламурот и стилот не се резервирани само за одредени жени во одредена старосна граница, туку за жени од сите генерации кои бестрашно носат смели парчиња облека.

Кампањата на Марков
Кампањата на Марков
Кампањата на Марков

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 8596 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.