ФОТО: 30 стилски моменти на Роузи Хантингтон-Вајтли за нејзиниот 30. роденден
Почетна » Новости » Мода » ФОТО: 30 стилски моменти на Роузи Хантингтон-Вајтли за нејзиниот 30. роденден

ФОТО: 30 стилски моменти на Роузи Хантингтон-Вајтли за нејзиниот 30. роденден

Роузи Хантингтон-Вајтли, која наскоро ќе стане мајка, го прослави својот 30. роденден.

Првиот чекор во модниот свет убавата Англичанка го направи на 15-годишна возраст, а само една година подоцна, таа го доби својот прв поголем моден ангажман за брендот Levi’s.

Во 2006 година, Роузи склучи договор со Victoria’s Secret и истата година дефилираше на спектакуларното шоу на познатиот бренд за долна облека.

По четири години соработка, славната манекенка ги доби своите „крилја“ и стана дел од атрактивните ангели на VS, но по кратко време се откажа од таа титула.

Хантингтон-Вајтли плива и во дизајнерските води. Таа веќе неколку години дизајнира долна облека за Marks & Spencer и креира модни колекции во соработка со брендот Paige.

Роузи се обидува да се пробие и во филмската индустрија. Славната свршеница на актерот Џејсон Стејтам имаше улоги во филмовите „Mad Max: Fury Road“ и „Transformers: Dark of the Moon“.

За холивудските свечености, таа неретко избира креации кои го истакнуваат нејзиното тонирано тело. Па, по повод 30-тиот роденден на привлечната манекенка, потсетете се на 30 од нејзините највпечатливи стилски моменти.

Роузи Роузи Роузи Роузи и Џејсон
Роузи Хантингтон-Вајтли Роузи Хантингтон-Вајтли
Роузи Хантингтон-Вајтли Роузи Хантингтон-Вајтли
Роузи Хантингтон-Вајтли Роузи Хантингтон-Вајтли
Роузи

Роузи Роузи
Роузи Хантингтон-Вајтли Роузи Хантингтон-Вајтли
Роузи Хантингтон-Вајтли Роузи Хантингтон-Вајтли
Роузи Хантингтон-Вајтли Роузи Хантингтон-Вајтли

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 19%
  • 73%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 19569 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.