ФОТО: Џорџ Клуни одблиску го проследи производството на часовниците Omega кои ги обожава уште од детството
Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Џорџ Клуни одблиску го проследи производството на часовниците Omega кои ги обожава уште од детството

ФОТО: Џорџ Клуни одблиску го проследи производството на часовниците Omega кои ги обожава уште од детството

Џорџ Клуни барем накратко „го замени Холивуд за Бил“ за да ја посети новата фабрика на Omega и одблиску да се запознае со производството на часовниците кои ги обожава уште од мали нозе.

57-годишниот актер, кој меѓу многуте титули ја има и „бренд амбасадор на Omega“, имаше шанса да го разгледа објектот кој беше отворен минатата година и заедно со Рејналд Ешлиман, Претседател и CEO на Omega и Ник Хајек, CEO на Swatch Group, да разгледа каде и како се комплетираат познатите швајцарски часовници.

Џорџ Клуни Џорџ Клуни Џорџ Клуни

„Џорџ Клуни е вистински обожавател на часовниците Omega уште од детството. Особено на Speedmaster, кој со години е негов избор. Токму затоа, ова беше возбудлива можност да види како се прават денешните модерни колекции“ - пишува во соопштението на престижниот бренд, чиј официјален претставник во Македонија е „Божиновски часовници и накит“.

Џорџ Клуни

Покрај Клуни, бренд амбасадори на Omega се и Синди Крафорд и ќерка ѝ Каја Гербер, Никол Кидман, Даниел Крег и Еди Редмејн.

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 67%
  • 14%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 3920 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.