Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Кристијан Лобутин ги привлекува жените и со лакови за нокти

ФОТО: Кристијан Лобутин ги привлекува жените и со лакови за нокти

Жените низ светот лудуваат по обувките на Кристијан Лобутин, но сега славниот Французин има уште една мамка за припадничките на понежниот пол – лакови за нокти.

Дизајнерот на препознатливите обувки со црвен ѓон создаде линија лакови за нокти, во која специјално место зазема црвениот лак „Rouge Louboutin“.

Лак за нокти од Кристијан Лобутин

Лакот доаѓа во мало шишенце со омбре ефект, кое наликува на фин кристал. Горниот дел на четката е во форма на издолжен конус и е инспириран од високата штикла на обувките „Ballerina Ultima“, дизајнирани во 2007 година.

Лак за нокти од Кристијан Лобутин

Во голема мера црвен лак е заслужен за раѓањето на „лобутинките“, па создавањето на лакови за нокти некако беше логичен чекор во разгранувањето на брендот. Имено, во 1992 година, додека Лобутин ја набљудувал својата нова колекција, забележал дека моделите не се така колоритни како што тој посакувал. Па, зел црвен лак за нокти и го премачкал ѓонот. Новиот изглед на чевлите толку многу му се допаднал, што тој продолжил сите обувки да ги создава со црвен ѓон.

Лак за нокти од Кристијан Лобутин

„Црвениот ѓон се роди од црвен лак за нокти. Им го враќам на ноктите она што обувките им го одзедоа пред многу години“ – вели Лобутин.

Црвениот лак веќе е пуштен во продажба, а до крајот на август се планира лансирањето на уште 30 нови нијанси на лакови за нокти.

Лак за нокти од Кристијан Лобутин Лак за нокти од Кристијан Лобутин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9484 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.