Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Бајковит раскош на ревијата на висока мода на Ели Сааб

ФОТО: Бајковит раскош на ревијата на висока мода на Ели Сааб

Ели Сааб ги забрза срцата на припадничките на понежниот пол со бајковитата колекција висока мода пролет/лето 2014.

Либанскиот креатор се инспирираше од делата на уметникот Лоренс Алма-Тадема за да создаде волшебни фустани кои блескаа на модната писта во Париз како резултат на стотиците деликатни кристали.

Романтика, елеганција, нежност и женственост извираат од екстравагантните креации од кои запира здивот. Колоритната приказна започна со нежни розови нијанси, продолжи со бела, корално-црвена, златна, бебешка сина и виолетово-сина, за да заврши со мрачната црна боја. Незаборавни се долгите фустани со мали цветчиња во различни бои, како и креациите со омбре ефект.

Невестинскиот фустан на Сааб остави многумина со подотворена уста. Бежовиот фустан е спој на раскош и екстраваганција. „Жените често бараат од мене фустани како невестинскиот кој го покажав денес. Тие сакаат остварување на своите соништа и токму тоа ние се трудиме да го направиме“ – рекол Сааб по завршувањето на ревијата.

Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб

Колекција на Ели Сааб

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9533 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.