Каква мајка, таква ќерка: Синди Крафорд со ќерка си Каја за Omega
Почетна » Новости » Мода » Каква мајка, таква ќерка: Синди Крафорд со ќерка си Каја за Omega

Каква мајка, таква ќерка: Синди Крафорд со ќерка си Каја за Omega

Синди Крафорд повеќе од две децении е бренд амбасадор на Omega, а од минатата година по нејзините стапки тргнаа и нејзините деца – Каја и Присли.

52-годишната убавица и нејзината 16-годишна ќерка неодамна снимија заедничка фотосесија за брендот за луксузни часовници, а по повод Денот на мајката, беше објавено видео од зад сцената и црно-бели фотографии од кампањата.

Врвниот фотограф Питер Линдберг е заслужен за визуелниот приказ на стилската приказна инспирирана од светоста и силата на семејните врски.

Синди Крафорд и Каја Синди Крафорд и Каја Синди Крафорд и Каја Каја

„Моите деца се вклучени во Omega уште од мали нозе – тие се неофицијални амбасадори речиси 10 години“ - изјави Крафорд по промовирањето на Каја и Присли како нови лица на Omega, чиј официјален претставник во Македонија е „Божиновски часовници и накит“.

Во улога на заштитно лице на швајцарскиот бренд, Каја присуствуваше на лансирањето на новите модели од линијата Trésor во Берлин.

Каја Каја Каја Каја Каја Каја Каја

И сопругот на Синди, Ренди Гербер, е партнер на Omega. Целото семејство минатата година присуствуваше на промотивен настан во Париз.

Каја Каја

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 67%
  • 14%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 3920 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.