За претставничките на понежниот пол, телесната тежина отсекогаш била чувствителна тема. Освен ако имате идеална тежина и сте целосно задоволни со својот изглед, тогаш сигурно ви било барем малку непријатно да го соопштите во јавност својот број на килограми.
Ново британско истражување покажа дека две третини од жените имаат излажано за својата тежина пред пријателите, партнерот или дури и пред својата мајка.
Според резултатите од истражувањето, просечната жена си намалува 4 килограми кога зборува за својата тежина. Секоја петта жена пак лаже дека е полесна за 6 килограми.
Секоја шеста жена толку многу се срами од својата тежина што во фитнес салата на справите воведува пониски бројки. Цели 25% од жените редовно купуваат и помала облека, а 17% ги отсекуваат етикетите на кои го пишува конфекцискиот број за некој да не ги фати во лага.
Но, според истражувањето, жените не лажат само за тежината. Секоја десетта жена си додава и неколку сантиметри на висината, а имало и жени кои признале дека лажат и за бројот на обувки.
Најголем дел од жените посакуваат да тежат помеѓу 51 и 57 килограми, да носат градник со големина 34С и да се високи помеѓу 167 и 172 сантиметри.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (13)
se seguvam ali mi se ima sluceno da dodadam kilce so zborovi...
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.