Мирис на рози за слатки соништа
Почетна » Новости » Истражувања » Мирис на рози за слатки соништа

Мирис на рози за слатки соништа

Дали некогаш сте размислувале за важноста на секое ваше сетило? Истражувањата покажале дека луѓето се најподготвени да живеат без сетилото за мирис. Повеќето од нас радо би живееле без да можат да го помирисаат утринското кафе или свежо косената трева, пред да го изгубат видот или слухот.

Иако често ја занемаруваме важноста на сетилото за мирис, тоа игра многу поголема улога врз нашиот живот отколку што ние си мислиме.

Жена и розиМирисот на рози придонесува да имате слатки соништа.

Мирисот е многу поразличен од другите сетила, затоа што има силно потсвесно влијание врз мозокот. Делот од мозокот кој се асоцира со мирисот се наоѓа веднаш до оној дел задолжен за паметењето и емоциите. Затоа, мирисот може дури и да пресоздаде емоции.

Многу научници се посветиле на проучувањето на ова сетило и денес постојат многу сознанија за тоа како одредени мириси влијаат врз нашата психичка состојба или нашите психички способности.

Германските научници откриле дека мирисот на рози придонесува луѓето да имаат слатки соништа, а пак мирисот на расипани јајца – лоши соништа. Мирисот на јасмин ги подобрува способностите за решавање на проблеми, а мирисот на нане и цимет ја подобрува способноста за концентрација.

Но, освен врз психичките способности, научниците веруваат дека мирисите влијаат и врз подобрувањето на физичките способности. Американски психолози пуштале мирис на нане во просторија каде бодибилдери кревале тегови. Кога присуствувал мирисот на нане, бодибилдерите успевале да направат повеќе репетиции и имале поголема издржливост.

Па, уживајте во мирисите околу вас и подарете си релаксација со омилениот од нив.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 3738 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?