Eucerin® лансираше иновативен производ со двојно дејство на кожата – пилинг + борба со брчките
Почетна » Новости » Занимливости » Eucerin® лансираше иновативен производ со двојно дејство на кожата – пилинг + борба со брчките

Eucerin® лансираше иновативен производ со двојно дејство на кожата – пилинг + борба со брчките

Eucerin® - експертот во медицинската нега за кожата, ја пушти во продажба последната иновација во своето портфолио - Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум. Со својот иновативен систем, новиот производ е прв комбиниран производ на Eucerin®, којшто истовремено прави од една страна траен пилинг-ефект, а од друга страна ја измазнува кожата и ги пополнува брчките.

Eucerin

Станува збор за нов подмладувачки производ за нега на кожата со двојно дејство кој обезбедува помазна и помлада кожа, преку инјектирањето на хијалурон и пилинг со алфа-хидрокси киселини, два добро познати дерматолошки клинички методи со докажана ефикасност. Деликатните состојки видно го подобруваат релјефот на кожата и дејствуваат дури и на најдлабоките брчки во текот на ноќта.

„Со возраста се успорува процесот на обновување на кожата. Тоа води до по-неефикасно ослободување од мртвите клетки, а кожата станува погруба и со нездрав сјај. Освен тоа, зрелата кожа ја губи својата еластичност и способноста да произведува доволно хијалуронска киселина, којашто е нејзиниот природен пополнувач на брчките. Еуцерин континуирано вложува во иновации, со цел да се задоволат барањата на потрошувачите. Забележавме дека потрошувачите сакаат производ којшто го помага регенеративниот процес во кожата и истовремено ја подобрува состојбата на брчките. Затоа се создаде Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум и сега сме многу возбудени од воведувањето на производот кој има промоција на сите пазари ширум светот“, изјави д–р Соња Доневска Петрушевска, Дерматолог, медицински претставник за Еуцерин во Македонија.

Eucerin

Со новиот двокоморен систем за истовремено нанесување од два контејнера, Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум овозможува соединувањето на двете високоефикасни формули да биде непосредно пред употреба. Белиот контејнер содржи нежна емулзија од новиот комплекс на алфа-хидрокси киселини (AHA), составен од активни пилинг состојки како гликолна киселина, млечна киселина и глуконолактон (познат по своето постепено и многу лесно навлегување во кожата). Другата активна состојка е глицин-сапонин, познат по тоа дека го стимулира природното создавање на хијалуронска киселина во кожата.

Контејнерот со сребрена боја содржи освежувачки гел-серум со два вида хијалуронска киселина, коишто делуваат на различни нивоа – хијалуронската киселина со високомолекуларна тежина делува на фините линии во површинските епидермални слоеви, а таа со мала молекуларна тежина (40 пати помала молекула) навлегува подлабоко во кожата, каде што се формираат брчките.

Клиничките студии ширум светот ја докажаа двојната ефикасност на производот

Опаковката со два контејнера за складирање на производот обезбедува високоефикасна нега за кожата – тврдење коешто е поткрепено со детални проучувања. „Се гордееме со големиот број на дерматолошки и клинички проучувања коишто ги направивме, вклучувајќи контролирани тестирања во лабораториски услови и тестирања на кожа. Резултатите го потврдуваат двојното дејство на формулата со подмладувачки ефект Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум, како и неговата безбедност и подносливост од кожата,“ изјави Д–р Петрушевска. Пријавените и набљудуваните ефекти вклучуваат:

  • нежна ексфолијација на кожата;
  • видно намалување на длабочината на брчките и фините линии;
  • ефикасно подобрување на регенеративните процеси на кожата;
  • добро хидрирана кожа;
  • стеснување на порите.

Проучувањата исто така докажуваат дека Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум добро го поднесуваат сите типови на кожа.

Секојдневната употреба дава видливи резултати

Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум може да се користи секојдневно. Се препорачува да се нанесува со нежни масажни движења на добро исчистена кожа. За оптимални резултати Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум треба да се нанесува навечер пред ноќниот крем за нега којшто го користите, како на пример Hyaluron-Filler ноќен крем. Бидејќи формулата со алфа-хидрокси киселини (AHA) ја прави кожата почувствителна кон сончевата светлина, неопходно е преку ден да се нанесува дополнителна заштита од сонце, како на пример Hyaluron-Filler Дневен крем со SPF30.

Eucerin

Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

  • ја измазнува површината на кожата и го помага обновувањето на кожните клетки;
  • ги пополнува дури и најдлабоките брчки;
  • ја хидрира кожата и ги стеснува порите;
  • за помладолика, сјајна и мазна кожа.

За производите од линијата Hyaluron-Filler

Кога кожата старее, нивото на природно создадената хијалуронска киселина во неа се намалува; како последица на тоа започнуваат да се формираат површински фини линии и подлабоки брчки. Повеќето производи од клинички испитаната линија Hyaluron-Filler, содржат комбинација од хијалуронска киселина со голема и мала молекуларна тежина и глицин-сапонин супстанција, којашто докажано го помага природното синтетизирање на хијалуронска киселина во кожата. За корисниците за кои основната грижа се фините линии и брчки, линијата Eucerin Hyaluron-Filler комбинира моќно пополнување на брчките со одлична подносливост од кожата. Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум ја дополнува успешната Hyaluron-Filler линија, комбинирајќи го докажаниот концепт на Hyaluron-Filler со формулата која овозможува високоефикасен траен пилинг за блескава и мазна кожа.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали таткото треба да присуствува во породилната сала за раѓањето на бебето?
  • 25%
  • 54%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 3083 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.