50 нешта кои ѝ ги посакувам на мојата помала сестра
Почетна » Новости » Занимливости » 50 нешта кои ѝ ги посакувам на мојата помала сестра

50 нешта кои ѝ ги посакувам на мојата помала сестра

Празниците се наближуваат, а нашите листи со желби сè повеќе растат. Лекси Херик, писателка и креаторка на блогот „Serendipity and Creativity“, ја става својата помала сестра на врвот на листата со желби.

Сестри

Текстот со педесетте нешта кои Херик ги посакува за својата помала сестра претпразнично стана вистински хит.

  1. Способност прво да се вљуби во себе.
  2. Многу ноќи во кои ќе се смее толку силно што нема да може да земе воздух.
  3. Неколку вистински пријатели кои никогаш нема да ја напуштат и никогаш нема да се обидат да ја променат.
  4. Ментори од кои ќе учи и кои ќе ѝ пружат огромна инспирација.
  5. Трпение за да ги поднесе пречките во животот.
  6. Решителност за да ги претвори тие пречки во понатамошна мотивација за да ги следи своите соништа.
  7. Долги возења со автомобил и патувања со авион до чудесни места кои ќе ѝ ги отворат очите за фасцинантниот и неверојатен свет во кој живееме.
  8. Личности кои ќе ја поддржуваат кога јас не сум таму.
  9. Ноќни авантури.
  10. Големи соништа.
  11. Емоционални доживувања.
  12. Можности за да излегува од својата комфорна зона.
  13. Сила да стои зад своите убедувања.
  14. Храброст за да ги надмине сите стравови и ограничувања кои животот природно ќе ѝ ги вметнува во мозокот.
  15. Шанса да им помага на другите и навистина да допре до животите на луѓето на кои тоа им е најпотребно.
  16. Неколку момчиња среќници кои ќе ја почитуваат, ќе бидат искрени со неа, ќе ја обожаваат и ќе ѝ мамат насмевки.
  17. Моменти во кои ќе се чувствува непобедливо.
  18. Ноќни капења во океан.
  19. Концерти кои ќе ја вселат музиката во нејзините гради и ќе ѝ ги размрдаат сетилата.
  20. Бакнежи кои ќе ѝ го застануваат срцето.
  21. Силни шолји кафе за долгите денови.
  22. Високи чаши вино за тешките денови.
  23. Кариера вредна за таа да се вљуби во неа.
  24. Способност да види колку е моќна како жена.
  25. Уверување дека има семејство каде може да се врати кога животот ќе излезе од контрола.
  26. Дрскост.
  27. Доволно цврстина да возвраќа на ударите и секогаш да се залага за себе.
  28. Правилно сфаќање за тоа што е всушност убавината и каде таа навистина постои.
  29. Многу пици.
  30. Спомени и луди стории кои остануваат во сеќавањата цел живот.
  31. Место или град од кое ќе биде маѓепсана и каде ќе може да помине многу денови, живеејќи во магија.
  32. Безбедно место кое ќе го нарекува дом.
  33. Многубројни ноќни забави со женско друштво поминати надвор од местото на живеење или во пижами пред телевизор.
  34. Сила да продолжи да се движи нанапред откако неколку идиоти ќе ѝ го скршат срцето.
  35. Бестрашност потребна за да се заљуби повторно.
  36. Доволно студени денови за да ги цени сончевите.
  37. Време и мотивација за да продолжи да им се посветува на сите свои хобија и интереси.
  38. Лица на кои ќе може да им се јави кога ќе се почувствува изгубено (покрај мене, се разбира).
  39. Мудрост за да ја разбере целта на живеењето.
  40. Сфаќање дека никогаш не треба да избрзува одредена фаза од нејзиниот живот и дека треба да ужива во секоја од нив и во магичноста која сите тие ја носат.
  41. Изложеност на некои од најуникатните и најпочитувани светски пројави на уметничката величественост. Да ги прочита најдобрите романи, да биде сведок на најреномираните театарски изведби и да биде трогната од извонредната уметност. Да ја цени секогаш нивната брилијантност.
  42. Безбројни моменти во кои ќе се гордее со себе и со своите постигнувања.
  43. Верба потребна за да може да се придржува кон религија по нејзин избор која ќе ѝ даде смисла за животот и љубовта.
  44. Лица кои ќе ѝ даваат нови идеи и постојано ќе ѝ покажуваат нови перспективи.
  45. Знаење кое интелектуално ќе ја стимулира и ќе ѝ го засилува гладот за мудрост.
  46. Свадба за која отсекогаш сонува, во чие остварување сум сигурна дека лично ќе учествувам.
  47. Маж за кој уверено ќе можам да речам дека ќе ја сака засекогаш и кој ќе ѝ даде сè што ѝ треба на светот. Маж за кој ќе можам да наздравам на свадбата и на кого ќе му ја предадам мојата малечка сестра, знаејќи дека ќе биде посветен сопруг и најдобар пријател на најважното нешто кое го имам во животот.
  48. Малечки деца кои ќе изгледаат исто толку убаво како неа, со големи сјајни очи и срца од чисто злато. Нека нејзините деца пораснат за да видат со колку неверојатна жена се благословени и да продолжат да ја шират неверојатната радост на која таа ќе ги научи.
  49. Нека тие имаат семејни филмски вечери, мали фудбалски игри, долги денови во луна паркови, Божиќни утра во кои ќе се будат од среќни врисоци, дипломирања исполнети со солзи радосници и доволно бакнежи и прегратки за да го исполнат срцето на мојата сестра. Нека ги надминат тешките времиња и нека останат блиски. Нека таа ги научи своите деца да се сакаат меѓусебно исто колку што јас ја сакам неа.
  50. Мојата безгранична љубов. Нека знае дека јас ќе бидам тука засекогаш. Јас ќе бидам таму кога таа ќе се пресели во одвратен мал стан – кога ќе нарачува пица и ќе ја јаде на празниот под во дневната соба. Јас ќе бидам таму за да ѝ организирам откачена моминска вечер во која ќе бидеме прегласни и ќе мислиме дека текилата е добар избор. Јас ќе бидам таму за да наздравам за нејзиниот брак. Јас ќе бидам таму за да цимолам додека ја држам мојата внука или внук со огромна љубов. Јас ќе бидам таму додека растат нашите деца, за да им се смееме за апсурдните нешта кои тие ги прават. Јас ќе бидам таму за време на промените во нејзината кариера. Јас ќе бидам таму додека старееме и кога ќе започнат да ни се појавуваат линии на лицето од долгогодишното смеење.

Ја држев во своите раце на денот кога се роди и ќе ја држам засекогаш. Тоа е мојата последна желба и ветување за мојата неверојатна мала сестра.

Ова е за сите сестри кои се сакаат. Понекогаш забораваме да ги потсетиме своите сестри дека постојано сонуваме за нив и за прекрасниот живот кој тие го заслужуваат.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 2691 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?