Љубов и традиција: Никола од Битола и Рената од Скопје во мијачки носии се венчаа во Бигорски манастир
Почетна » Новости » Занимливости » Љубов и традиција: Никола од Битола и Рената од Скопје во мијачки носии се венчаа во Бигорски манастир

Љубов и традиција: Никола од Битола и Рената од Скопје во мијачки носии се венчаа во Бигорски манастир

Спојот на љубов и традиција ги одушеви гостите на несекојдневната свадба на Никола Грнчаров и Рената Стојанова, а фотографиите и видеото на „Зага Продукција“ измамуваат комлименти низ целата држава.

Парот се запозна во „Куќата на Мијаците“, а две години подоцна, таму и се венча во традиционален стил. Невестата и младоженецот носеа мијачки носии додека си ветуваа дека ќе бидат засекогаш заедно.

„Приказната започнува пред две години во ресторанот 'Куќата на Мијаците'. Таму каде што се запознавме со Рената, таму и се одржа свадбата. Со благослов на Отец Партениј, нашиот духовен татко, ние решивме да направиме венчавка која што ќе биде најблиску до традиционалната. Така и се случи, облечени во мијачки традиционални носии, типични за тој крај, направивме традиционална македонска венчавка во Бигорскиот Манастир 'Свети Јован Крстител' и модерна свадба во ресторанот 'Куќата на Мијаците'“ - вели среќниот младоженец.

Никола и Рената Никола и Рената

И предлогот за брак на вљубената двојка е поврзан со овој регион. „На првата годишнина од врската ја запросив на врвот Голем Крчин (2.341 метри), тоа е врвот којшто се гледа од дворот на Бигорскиот манастир“ - раскажува Никола.

Видео

Никола и Рената Никола и Рената Никола и Рената Никола и Рената Никола и Рената Никола и Рената Никола и Рената Никола и Рената Никола и Рената Никола и Рената Никола и Рената Никола и Рената Никола и Рената Никола и Рената Никола и Рената Никола и Рената Никола и Рената Никола и Рената

Галеријата од свадбениот ден на Никола и Рената можете да ја разгледате на: сајтот на „Зага Продукција“

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 8596 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.