Што сè ќе научиш само ако си мајка: Хумористична листа која ќе ве насмее
Почетна » Новости » Занимливости » Што сè ќе научиш само ако си мајка: Хумористична листа која ќе ве насмее

Што сè ќе научиш само ако си мајка: Хумористична листа која ќе ве насмее

Мајките имаат натприродни способности и се експерти за мултитаскинг...

Хумористичната листа на Lola Magazin, која се однесува на работите кои ги учат жените откако ќе станат мајки, несомнено ќе ве насмее.

Мајка
  1. Ќе научиш да се тушираш за 48 секунди (со две плакнења) и во меѓувреме ќе успееш да ја исчистиш кадата, а можеби и лавабото.
  2. Ќе научиш да спиеш „на нога“.
  3. Ќе научиш да правиш буквално СÈ со една рака. Кому му е потребна уште една?
  4. Ќе научиш да одиш в бутик без да купуваш нешто за себе.
  5. Мајка
  6. Ќе научиш да се подготвуваш за излегување од дома за точно три минути, бидејќи на детето му е потребно толку време за да сфати дека се гледаш себеси во огледалото, а не него.
  7. Ќе научиш дека јадењата без сол и останати зачини можат да бидат превкусни.
  8. Ќе научиш да ги распознаваш сите видови каки. Во секаква агрегатна состојба.
  9. Ќе научиш дека кон флеките на алиштата се однесуваш како кон ордени.
  10. Ќе научиш брзо да спиеш.
  11. Мајка
  12. Ќе научиш да глумиш за Оскар (со сите изрази, интонации и гримаси).
  13. Ќе научиш ново ниво на трпеливост и разбирање.
  14. Ќе научиш да се гордееш со себе за мали нешта. На пример, затоа што детето ја преживеало првата година.
  15. Ќе научиш бебешки јазик.
  16. Ќе ги научиш повторно сите детски песни.
  17. Ќе ги научиш имињата на сите 250 Гормити.
  18. Ќе научиш да бидеш благодарна за секоја возрасна личност во раговорите.
  19. Ќе научиш да римуваш сè со сешто.
  20. Ќе научиш повторно да наоѓаш шмек во цртаните филмови и покрај тоа што детето е кај баба.
  21. Ќе научиш да одиш како Квазимодо.
  22. Мајка
  23. Ќе научиш дека сè што си велела дека никогаш нема да го направиш, ќе го направиш.
  24. Ќе научиш да имаш секс без да испушташ звук.
  25. Ќе научиш дека плачењето не те нервира. Па ни ти самата нема да плачеш повеќе.
  26. Ќе научиш кафето со другарките и сите приказни да ги собереш во 45 минути.
  27. Ќе научиш повторно да си играш со играчки.
  28. Ќе научиш дека сонот е преценет.
  29. Ќе научиш прецизно да мериш температура со дланка.
  30. Мајка
  31. Ќе научиш да глумиш скенер 24/7, бидејќи ниту една точка од телото нема да ти „бега“.
  32. Ќе научиш дека разликата меѓу децата и мажите е многу мала.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 21%
  • 72%
  • 7%
Се испраќа...

(Вкупно: 12021 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.