Фитнес инспирација: 72-годишна жена не дозволува годините да ја спречат да вежба секој ден
Почетна » Новости » Занимливости » Фитнес инспирација: 72-годишна жена не дозволува годините да ја спречат да вежба секој ден

Фитнес инспирација: 72-годишна жена не дозволува годините да ја спречат да вежба секој ден

Без изговори.

Оваа 72-годишна жена ќе ве поттикне да започнете да вежбате уште денес. Флексибилната и силна Американка не дозволува возраста да ја спречи секој ден да посетува фитнес сала. Со видеата во кои ги покажува своите тренинзи, Лорен Бруцоне стана вирален хит на социјалните мрежи и многумина ја нарекоа вистинска фитнес инспирација.

Лорен Бруцоне

Лорен била физички активна целиот свој живот, но додека во минатото се занимавала со танцување и аеробик, сега нејзина страст е CrossFit-от. Таа се труди да не пропушти ниту еден ден без тренинг.

„Одвреме-навреме земам слободен ден, но се обидувам да бидам таму, бидејќи кога си стар, твоето тело некако заборава“.

„Среќна сум што правам сè бавно. На мои години не сакате да скршите нешто. Потребно е предолго време за да заздрави“ – вели Лорен.

Видео

Нејзиниот тренер тврди дека Лорен никогаш не смислува изговори за да прескокнува тренинзи и дека не одбива да прави вежби кои тој ѝ ги покажува. „Таа вели: ‘Во ред тренеру, ќе пробам. Ќе дадам сè од себе’. Тоа се зборовите кои најчесто ќе ги слушнеш од неа“ – вели тој.

Лорен Бруцоне

Бруцоне е доказ дека никогаш не е предоцна да станеш најдобрата верзија од себе. Таа ги охрабрува луѓето да излезат од нивната сигурна зона, да пробуваат нови нешта и никогаш да не се откажуваат од своите цели.

„Моето мото отсекогаш било: ‘Никогаш не се откажувај’. Би ги советувала луѓето да си постават краткорочни и долгорочни цели и да никогаш да не се откажуваат од стремежот кон нивно постигнување“ – вели таа.

Лорен Бруцоне

„Сакам луѓето да сфатат дека постојат различни нивоа на вежбање. Не е важно во каква кондиција сте моментално, колку години имате или што било друго. Ако нешто сакаш, можеш да го направиш“ – советува инспиративната госпоѓа.

Видеа

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 66%
  • 15%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 2126 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.