„Трудот и волјата за работа не познаваат разлики“: Ресторан во Скопје вработува лица со Даунов синдром и попреченост
Почетна » Новости » Занимливости » „Трудот и волјата за работа не познаваат разлики“: Ресторан во Скопје вработува лица со Даунов синдром и попреченост

„Трудот и волјата за работа не познаваат разлики“: Ресторан во Скопје вработува лица со Даунов синдром и попреченост

Постојат личности кои со само една објава на Facebook можат да ти ја вратат вербата во човештвото. Такви се сопствениците на „Revija bar & food“ од Скопје.

Ресторанот лоциран во Лептокарија објави оглас за вработување на социјалните мрежи со кој се охрабруваат сите лица со попреченост и Даунов синдром да аплицираат за работа, бидејќи како што велат тие, „трудот не познава граници“.

„Ги охрабруваме лицата со Даунов синдром и попреченост и да се јават на нашиот оглас! Трудот, желбата и волјата за работа не познаваат разлики. Нашиот тим има потреба од амбициозна личност, а насмевката, желба за работа и позитивна енергија се нашите критериуми!“ – пишува во огласот.

Сите заинтересирани можат да се обратат за информации на телефонот за контакт: 071/257-561.

Огласот наиде на бројни позитивни реакции низ целата држава.

Анкета

Анкета
Дали таткото треба да присуствува во породилната сала за раѓањето на бебето?
  • 26%
  • 53%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 6946 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.