Трогателното писмо на покојниот претседател Џорџ Буш за ќеркичката која починала од леукемија и со која се надевал дека ќе се сретне во рајот
Почетна » Новости » Занимливости » Трогателното писмо на покојниот претседател Џорџ Буш за ќеркичката која починала од леукемија и со која се надевал дека ќе се сретне во рајот

Трогателното писмо на покојниот претседател Џорџ Буш за ќеркичката која починала од леукемија и со која се надевал дека ќе се сретне во рајот

Светот се збогува со 41-виот претседател на САД, Џорџ Х. В. Буш, кој почина пред 6 дена на 94-годишна возраст.

Џорџ Х. В. Буш

Буш беше познат по своите емотивни говори и по огромната љубов кон своето семејство и во текот на својот живот имаше напишано бројни писма за своите најмили. Деновиве, пред очите на јавноста излезе дел од писмо адресирано до неговата мајка, во кое зборува за ќерката Робин, која почина кога имаше само 3 години.

Џорџ Х. В. Буш Џорџ Х. В. Буш

Паулин Робинсон „Робин“ Буш ја изгуби битката со леукемијата во 1953 година, а таа загуба остави голема трага во животот на Џорџ. Трогателното писмо било напишано 5 години по смртта на Робин. Во тој момент Буш бил родител на 4 сина, а неговата ќерка Дороти сè уште не била родена.

Џорџ Х. В. Буш Џорџ Х. В. Буш

Еве го неговиот текст кој растажи многумина:

Ни требаат лелеави фустанчиња да одат заедно со сите наши сини фармерки искинати на колената и кацигите. Ни треба мека руса коса да ги урамнотежи тие кратки војнички фризури.

Ни треба куклена куќа да се издигне цврсто наспроти нашите тврдини и ракети и илјадниците картички за бејзбол...

Ни треба малечко кое ќе нè бакнува без да остави траги од јајце или џем или гума за џвакање. Ни треба девојче.

Имавме еднаш едно. Се бореше и плачеше и играше и го пробиваше својот пат исто како останатите. Имаше одредена нежност кај неа.

Таа беше трпелива. Нејзините прегратки беа малку посмирени.

Но, таа е сè уште со нас. Не можеме да ја допреме, но можеме да ја почувствуваме.

Се надеваме дека ќе остане во нашата куќа многу долго, долго време.

По смртта на поранешниот претседател, неговата внука Џена напиша емотивен пост на Instagram во кој раскажа како таа пронашла утеха по смртта на дедо си.

Џена напиша дека неодамна Буш ѝ открил дека не се плаши од смртта, туку дека со нетрпение ја очекува. Кога таа низ солзи го прашала „Зошто?“, тој ѝ одговорил дека со нетрпение очекува да се сретне со оние кои ги изгубил – со неговата ќеркичка, мајка си...

Заедно со постот, Џена сподели илустрација на кој е прикажан Џорџ и неговата сопруга Барбара со нивната мала ќерка Робин во рајот. „Те чекавме“ – му вели Барбара на Џорџ.

Ова ми донесе утеха утрово. Имав можност да разговарам со дедо ми за задгробниот живот. Ова ми го рече тој:

„Да, честопати мислам на тоа. Порано се плашев. Порано се плашев од смртта. Порано се грижев за смртта, Но, сега на некој начин со нетрпение ја очекувам.“

Започнав да плачам, но собрав сили да го прашам: „Зошто? Зошто го чекаш тоа со нетрпение?“

Тој ми рече: „Кога ќе умрам, ќе се обединам со луѓето кои сум ги изгубил. Се надевам дека ќе ја видам Робин и дека ќе ја видам мајка ми. Сè уште немам сфатено дали Робин ќе биде 3-годишното девојче кое некогаш беше, тоа буцкасто, живо девојче или пак ќе дојде како средовечна жена, повозрасна жена.“

Потоа додаде: „Се надевам дека е 3-годишно девојче“.

Џорџ Х. В. Буш беше татко на 6 деца, дедо на 17 внуци и прадедо.

Џорџ Х. В. Буш Џорџ Х. В. Буш Џорџ Х. В. Буш Џорџ Х. В. Буш Џорџ Х. В. Буш

Анкета

Анкета
Каде ќе го прославите доаѓањето на 2019 година?
  • 5%
  • 54%
  • 4%
  • 14%
  • 1%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 583 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.