Три генерации на „женско кафе“ – симбол за сплотеност, лојалност и љубов
Почетна » Новости » Занимливости » Три генерации на „женско кафе“ – симбол за сплотеност, лојалност и љубов

Три генерации на „женско кафе“ – симбол за сплотеност, лојалност и љубов

Има ли некој доволно храбар да ги опише нашите жени? Истовремено силни и нежни, деликатни и храбри, паметни и инспиративни, убави, насмеани, гласни и секакви, ги гледаме секојдневно како итаат, растејќи ги нашите нови генерации и храбро менувајќи го светот во кој живееме.

Што е тоа што ги држи нашите жени толку сплотени и силни? Несомнено, една од најважните нешта е поврзаноста и близината помеѓу генерациите, и пријателството и помошта која бабите, мајките и внуките ја имаат меѓусебно. Можеби ги немаме сите пари на светот, но секогаш ќе го имаме оној женски глас кој е тука да ни помогне, да нè смири и да ни даде совет како успешно да чекориме напред, да бидеме и мајки и работници, и кралици и борци и победници.

Кафе

Инспирацијата ја најдовме во Лилјана, Билјана и Катја, три генерации жени кои нè освоија со својата непосредност и симпатија, но и со нивната неверојатана поврзаност и искрено пријателство кое ни годините, ни проблемите, ни врските ни децата го немаат скршено. Напротив, како што и самите велат, токму нивната силна поврзаност го одржува семејството среќно, исполнето и „на купче”.

Верувале или не, тоа што ги одржа заедно сите овие години е еден мал ритуал што го немаат пропуштено речиси цела деценија – заедничкото пиење на турско кафе! Каде и да се, што и да прават во текот на неделата, секоја сабота мама Билјана и Катја одат кај баба Лилјана на „женско турско кафе”. Баба Лилјана раскажува како идејата за овие средби ја добила од желба да им го олесни секојдневието на своите ќерка и внука, спојувајќи ги убавото и корисното – да се дружат со неа но и да се чуствуваат дека се „излезени во град”.

Кај жените има посебно позитивен психолошки ефект кога ќе се дотераат и кога ќе излезат на кафе. Точно, истите разговори, независно дали се разговара за работата, за партнерот или со истиот се прават планови за одгледување на децата, можат да се водат и дома, во нервоза и по пижами, но научниците утврдиле дека истите полесно се водат кога околината е различна од домашната, во пријатна атмосфера и со вкусно кафе, а испитаниците покажале многу поголемо внимание и трпение за дадените теми.

Кафе

Така, мама Билјана и студентката Катја наместо да лежат дома и да се расправаат дали едната е здодевна, а другата мрзлива, се дотеруваат и одат кај баба Лилјана, а таму ги чека опојниот мирис на тазе вареното кафе и нејзината широка насмевка. Низ смеа, велат дека нејзината кујна е најубавото кафуле што некогаш го посетиле, и за разлика од другарките на Катја, не се чуствуваат дека извршуваат некаква обврска кога ја посетуваат баба. Лилјана вели дека покрај тоа што е среќна што се чуствува сакана од помладите генерации, среќна е и што нејзините ќерка и внука имаат катче каде што можат слободно да растат и да учат една од друга, да се кикотат и да споделуваат слатки женски тајни, без да им досадува остатокот од семејството.

24-годишната Катја пак вели дека најубавите вредности ги научила токму во овие мали саботни ритуали. Од лојалноста и почитта кон постарите, до почитта и љубовта кон себе, или како што вели таа самата „кога нешто те мачи да знаеш како да се собереш, да ја дигнеш главата и од дистанца здраво да погледнеш на проблемот, и да не заборавиш дека најсилното оружје на жените е нивната сплотеност”.

Затоа, секоја сабота, мирисот на најубавото Гранд кафе од кое баба Лилјана не се откажува со децении, го шири својот опој низ ходниците, а соседите се насмевнуваат и знаат дека Билјана и Катја веќе доаѓаат со нивните цветни фустани и мали потпетици кои весело одекнуваат во малата, веќе заборавена зградичка во срцето на Дебар маало.

Можеби е време да се потсетите – кога вие последен пат сте испиле едно турско кафе заедно со своите мајка и баба?

Кафе

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за новото име Република Северна Македонија?
  • 25%
  • 75%
Се испраќа...

(Вкупно: 2374 гласа)

Цитат

Понекогаш твојата среќа е изворот на твојата насмевка, но понекогаш насмевката може да биде изворот на твојата среќа.

Тик Нјат Хан

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.