Почетна » Новости » Занимливости » Традиционалните алпски игри овој викенд во Битола

Традиционалните алпски игри овој викенд во Битола

По огромниот успех и супер атмосфера на Алпските игри во Скопје, што и покрај дождот и неповолните временски прилики им донесе многу радост, насмевки и награди на децата, тимот на Алпско млеко одлучи ова позитивно искуство да го сподели со дечињата од другите градови и населени места низ Македонија.

Така, во недела, на 17 септември од 11 часот, на плоштад „Магнолија“ во Битола сите што сакаат квалитетно поминато време со своите најмили, ќе имаат единствена прилика да поминат прекрасно пладне учествувајќи во возбудливи натпревари со супер награди на Алпските игри за деца од 4 до 12 години.

Илустрации

Алпските игри ја поттикнуваат безграничната детска фантазија, инвентивност, креативност и интелигенција. Низ игрите децата развиваат подолема емпатија и внимателност кон другите деца, учат што функционира и кој начин на размислување и делување носи успех.

„Сакаме да ги поттикнеме родителите да го лимитираат времето поминато пред екраните и мониторите и да им обезбедат на своите најмили дружба со врсниците, мало потсетување на традиционалните, аналогни игри и убаво време поминато во игра и забава. Затоа ги повикуваме сите родители на добра дружба на Алпските игри во недела, на 17 септември од 11 часот, на плоштадот „Магнолија“ во Битола“ - изјавија од тимот на Алпско млеко.

Низ играта децата формираат оригинални идеи, а преку истражување на околината се нурнуваат во фантазијата. Алпско млеко ги охрабрува родителите да ги изложуваат своите најмили на што е можно повеќе идеи и концепти во хармонија со природата, да се трудат да им обезбедат живописни, возбудливи и богати искуства. Играта надвор од домот нека прерасне во радост, задоволство и восхит, а Алпските игри претставуваат извонредна можност за изразување на сиот потенцијал што децата го носат во себе.

Со учество во Алпските игри им подаруваме на децата богато детство со искуства и доживувања, што се силна подлога за понатамошно самоуверено и ведро чекорење низ животот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9528 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.