Тетовскиот „Бакал“ е светски
Почетна » Новости » Занимливости » Тетовскиот „Бакал“ е светски

Тетовскиот „Бакал“ е светски

Да се започне гастрономска приказна во своето родно место, а можело каде било во светот, е нешто што заслужува почит. Не во Скопје, Белград или уште подалеку, туку во родната Брвеница! Тоа не е само бизнис, туку пред се силна емоција, желба да се создаде нешто посебно, препознатливо во местото каде што си пораснал. Дефинитивно многу луѓе дознаа и ја посетија Брвеница, токму поради ресторанот Бакал, поради перфекционизмот кој живее во овој простор. Тоа е причина луѓето да патуваат со саати, дури и да се качат во авион за да дојдат тука.

Бакал

Менито оди од наједноставни традиционални македонски јадења, па до свежа риба и други интернационални јадења како foie gras, magre, t bone steak, tatar beef. Во „Бакал“ секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, но и специјалитети како подгорче, капама, ѓомлек.

Специјално за потребите на ресторанот се одгледува органски зеленчук, домашно младо козјо сирење, а една од содржините на угостителскиот објект е и домашната пекара, каде се произведува домашен леб и бели пецива. Се прави р’жан леб од ржано брашно, мелено на камен, каде 90 % од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка мелена на камен, а и неколку лебови по француска рецептура.

Бакал

Ресторанот има прекрасна градина, како ретко каде на друго место во светот. Атмосферата е опуштена, релаксирана, како да сте во најубавата оаза! Сон на сите гурмани и хедонисти. Просторот нуди максимална интимност, вонвременско уживање за долго помнење. Идеално се споени новото со традиционалните корени и македонската традиција, истакнувајќи го чувството на фамилијарна топлина и љубезност. Амбиентот е надополнет со вештачко езерце со прекрасни риби, кое дава посебен спокој. Од сите страни се простира зеленило и хармонија од бои кои максимално опуштаат. Бакал е вистинското место за уживање, за неколку часовно хедонистичко искуство, кое долго останува во срцето и сеќавањата.

Без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот, Во преубавата атмосфера во Бакал секоја средба се претвора во позитивно искуство и исклучително доживување. Бакал е пример за сите!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 20%
  • 72%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 16269 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.