Татко предупредува: „Ако имате новороденче или посетувате новороденче, мијте си ги рацете“
Почетна » Новости » Занимливости » Татко предупредува: „Ако имате новороденче или посетувате новороденче, мијте си ги рацете“

Татко предупредува: „Ако имате новороденче или посетувате новороденче, мијте си ги рацете“

Татко, чие бебе починало од вирусот херпес симплекс, апелира луѓето да си ги мијат рацете секогаш кога се во близина на новороденче.

Џеф Гобер во објава на Facebook објасни колку опасен може да биде за најмалите овој вирус што го имаат 67% од луѓето кои живеат на планетата. Целта на неговиот текст е да ги предупреди родителите за важноста на миењето раце за да ги поштеди од неописливата болка низ која тој поминал по смртта на неговото бебенце.

Извор на вирусот херпес симплекс е исклучиво човекот.

Прочитајте ја неговата порака:

Малори

Бев прилично молчалив по смртта на Малори. Ми беа потребни два месеци за да го напишам ова, но ако нешто добро може да произлезе од нејзината смрт и да спречи некој друг да ја искуси оваа болка, би бил неодговорен доколку не се потрудам.

Ако имате новороденче, или ќе бидете во близина на новороденче, мијте си ги рацете. Многу.

Ако некој сака да го подржи вашето бебе, уверете се дека прво ќе си ги измие рацете. Потоа, кажете му да си ги измие уште еднаш.

HSV-1 (Херпес симплекс вирус тип 1), познат како вирусот што стои зад болните меурчиња на усните, е форма на херпес. Тој е ЕКСТРЕМНО честа појава, а Светската здравствена организација проценува дека 67% од сите луѓе на планетата се инфицирани од него.

За нештата да се уште полоши, многу од инфицираните луѓе никогаш во животот нема да покажат симптоми и најверојатно не ни знаат дека го имаат. За новороденчињата, многу е веројатно да биде фатален, како во случајот на Малори.

Можеби си мислите дека беше лесно да се дијагностицира. Сигурно си мислите дека некој со меур на усните ја бакнал во уста, зарем не? Малори никогаш не беше во контакт со активен (видлив) меур на усните. Никогаш. Дури и никој ја немаше бакнато на усните. И покрај тоа, таа префати вирус херпес симплекс тип 1 во текот на првата недела од својот живот и ние моравме да ја гледаме како полека умира речиси две недели. Малори постојано ги ставаше рацете во устата и во очите и постојано си ги цицаше прстите, па речиси е сигурно дека вирусот на некаков начин дојде на нејзините раце. Возможно е вирусот да се пренесе дури и без видлив херпес.

Таа немаше никакви други симптоми освен покачена температура во првата недела од животот и кога се појавија меурите, веројатно беше предоцна за антивирусните лекови да делуваат. Ако се земе предвид фактот дека повеќе од половина свет го носи вирусот херпес, не можеме да разбереме зошто толку малку новороденчиња умираат од болеста, ниту пак зошто нашата прекрасна ќерка Малори беше во несреќната статистика, но претпоставувам дека така функционира светот.

Ве молам, ако го прочитавте ова, вложете екстра напори околу миењето раце во близина на новороденче. Статистички гледано, веројатно сте инфицирани со HSV-1 без разлика дали го знаете тоа или не.

Малори Џеф и сопругата

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор летово?
  • 24%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 4%
  • 4%
  • 12%
  • 11%
  • 28%
Се испраќа...

(Вкупно: 4469 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

- Мамо, што е љубовница?

- Тоа, мамино, е лоша тетка која ни краде од семејниот буџет.

- А љубовник?

- Е тоа е добар чичко, кој му помага на татко ти.