Со палавата Биби децата многу ќе се забавуваат, ама и ќе учат
Почетна » Новости » Занимливости » Со палавата Биби децата многу ќе се забавуваат, ама и ќе учат

Со палавата Биби децата многу ќе се забавуваат, ама и ќе учат

На 14 октомври на јутјуб-каналот Биби/Bibi децата ќе можат да ја проследат азбуката на Биби и подобро да го запознаат нејзиниот свет.

„Јеееј“... Биби, девојчето со сини очи, црна коса и неверојатна желба за учење веќе ги освои срцата на сите деца од Македонија. Храбра, вредна, секогаш подготвена да помогне, Биби полека станува гостинка во сечиј дом преку нејзиниот јутјуб-канал Биби/Bibi.

Биби

„Јеееј“, извикува Биби секогаш кога ќе почувствува неизмерна радост, кога е воодушевена, кога открила нешто ново. А таа секој ден открива нови работи, замислува нови светови во кои сѐ е возможно. Бидејќи таа е вистинска сезнајка, а и на секој чекор гледа нешто што ја воодушевува, овој извик ќе го слушате често.

Биби е македонски производ. Сѐ започна од желбата на тимот на Факултети.мк и Деца.мк да создаде лик со кој ќе се поистоветат нашите деца. Семејството се прошири и му се придружија илустраторот Михајло Димитриевски (Тхе Мичо) и режисерот Гоце Цветановски.

На приказната за Биби лесно и со задоволство „загризаа“ и писателката Билјана Црвенковска и актерката Слаѓана Вујошевиќ, која го позајми гласот за нашата Биби.

Биби е мало девојче кое зборува литературно. Таа не вели точак, туку велосипед. Најмногу се нервира кога ќе ѝ кажат дека има плави очи. Зашто таа има сини! И сака сите деца да го научат македонскиот литературен јазик. Со помош на сликовници, книги и едукативни видеа ќе им помогне во тоа.

Биби умее убаво да зборува и да објаснува, па може да им помага на другите деца во учењето. Таа е експерт за објаснување математика, физика. Омилена книга ѝ е детската енциклопедија, која од збор до збор ќе им ја раскажува на сите деца.

Децата најмногу сакаат да гледаат цртани филмови, а Биби ќе им ја исполни и оваа желба. Таа е главниот лик во новите анимирани филмови за деца. Биби на свој начин ќе раскажува сказни, на сите деца ќе им покаже како изгледа нејзиниот свет полн со фантазија и убави нешта. Таа и нејзиниот омилен другар Боби ќе доживеат многу авантури и ќе покажат дека пријателството е најважно на светот и дека за добар другар, вреди да се направи сѐ.

Драги деца, Биби понекогаш знае да се прави многу паметна, а знае и да биде малку вообразена. Но, веруваме дека ќе ја засакате најмногу на светот.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали таткото треба да присуствува во породилната сала за раѓањето на бебето?
  • 25%
  • 54%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 3087 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.