Совршен спој на грациозност и бунтовност – инспиративната приказна на Симона Павлов
Почетна » Новости » Занимливости » Совршен спој на грациозност и бунтовност – инспиративната приказна на Симона Павлов

Совршен спој на грациозност и бунтовност – инспиративната приказна на Симона Павлов

Симона Павлов

Овој септември, AVON е во потрага по девојка која ќе го отелотвори нивниот најнов парфем Far Аway Rebel. Таа треба да е олицетворение на девојка или жена која е бунтовна, се сака себеси и е горда на сопствените одлуки и постапки. Инспирирани од овој опис тргнавме во потрага по македонската девојка која е пример за бунтовна, храбра но, во исто време - емотивна и емпатична личност. Всушност, бевме воодушевени од фактот колку жените се комплексни личности кои во исто време можат да бидат посветени и дисциплинирани во својата работа или училиште, а во слободното време диви и нескротливи авантуристи.

Изборот ни застана на една навидум кревка и нежна девојка која, доколку малку подобро ја запознаете, ќе наидете на лавина од енергија, умешност и смелост. Симона Павлов е балерина која низа години е дел од балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет. Но, нејзината професионална определба и посветеност не биле пречка таа да застане тука, па така, страста за слобода, независност, брзина и адреналин ја прават и љубител на мотоциклизмот и екстремните спортови. Ѝ поставивиме неколку прашања, со намера да ѕирнеме во нејзиниот приватен живот и начин на размислување.

Многу е едноставно да го привлечете вниманието со целата ваша појавност и интереси кои ги имате. По професија балерина, но на улиците див и смел мотоциклист. Оние кои подобро ве познаваат ќе кажат дека сè она што може да се нарече екстремен спорт, вие сте храбриот кандидат да го проба и да ужива. Како успевате класичниот балет и екстремните спортови да ги организирате рака под рака?

- Балетот за многумина претставува естетска убавина, нежност, грациозност, танц и уметност на движењето. Мотоциклизмот и екстремните спортови пак ги поврзуваат со агресивност, брзина, повреди и скршеници („машки спортови”) но токму тие спортови нудат друга перцепција на животот. Чувството на слобода, на лебдење, можноста да се слееш со природата за мене се незаменливи. Овие работи, иако дијаметрално спротивни, се работи кои ги поврзувам со силната љубов кон нив.

Целиот хабитус и држење на телото на професионалните балерини е воочлива и нашата научена перцепција е дека тие се нежни и елегантни девојки деноноќно посветени на усовршување на техниките на класичниот танц... но, се чини дека ова се веќе застарени пракси и девојките повеќе не се приклонуваат на стереотипите... вие сте вистински пример за една нежна, но истовремено многу бунтовна природа. Како вие размислувате за ова?

- Физичкиот хабитус на нежна и кршлива девојка не значи дека и нејзината внатрешна природа е иста. Силата е израз на карактерот и умот. Денес ја имам можноста да бидам тоа што сум – храбра и истрајна девојка која не се плаши да ја покаже својата нежност кон себеси и во односот со најблиските.

Симона Павлов

Симбиозата на навидум спротивставени особености ме потсетува на хероините на францускиот режисер Лук Бесон. На пример, ЛиЛу во неговиот „Петти елемент“ е нежна, исплашена и кршлива девојка, но едновремено го спасува светот од злите сили. Ова е само доказ дека девојките можат да бидат што ќе посакаат и токму контрадикторноста ги прави супериорни. Што ќе кажете вие на ова?

- Изгледот не ја прави хероината, туку нејзиниот ум кој ја насочува кон дела кои ја откриваат храброста за остварување на повисоките цели. Секоја жена е хероина во својот живот која ги надминува предизвиците на денешницата... Да се биде хероина во денешно време е да се биде своја, да се понесе љубовта во борба за слободата во секојдневието. Затоа ми е драго и ми претставува чест што Rebel девојката на AVON е поистоветена со мене и интересите кои го преокупираат моето секојдневие.

Би сакала денешните девојки секоја на свој оригинален начин да биде слободна и да ги искажува своите желби и храбро да ги погледнува предизвиците во очи.

Симона Павлов

Во каков манир сте воспитувани, кои беа вашите омилени детски игри кога бевте девојче? Накусо, како се станува бунтовна и нескротлива девојка?

- Имав среќа да растам во семејство каде една од поважните работи на кои се обрнуваше внимание е спортот и активностите во природа. Од многу мала започнав со првите часови по скијање, тука ќе го споменам и мојот дедо кој беше голем љубител на овој зимски спорт и е главниот виновник да ја усовршам скијачката вештина. Тој уште од неговата младост бил страсен мотоциклист и скијач, спортови кои за разлика од денес биле невообичаени.

Растена сум слободно на улица како и сите други дечиња од мое време така да маалскиот живот ми е близок и сметам дека е една од поважните работи во развојот на една личност. Преку спортот и играта ја научив слободата во изразување, упорноста, но и неопходната дисциплина за да се посветиш темелно на она што го сакаш.

Она што е исто така интересно е дека вашиот авантуристички дух го бодри и охрабрува вашиот колега и сопруг. Дали ве спои повеќе балетот или авантуризмот?

Симона Павлов

- Театарот беше местото на нашиот прв контакт пред 15 години.

Пред неколку години животот и судбината повторно нè споија, па тој стана мој партнер и најдобар другар, што за мене е најголемата поддршка во животот. Имаме исти интереси, цели и погледи кон животот.

Па така, заедно се надополнуваме и во екстремните спортови и уживаме во нив. Тој ми е буквално партнер за сè, мојата втора половина, партнер со кој што уживам во секој момент.

Која е најлудата работа која сте ја направиле досега и како гледате на неа од денешна перспектива?

Симона Павлов

- За некого лудост, за некого предизвик.

Од аспект на екстремното, дел од овие спортови (скијање, сноубординг, сурфање, вејкбординг, параглајдинг, нуркање...) за многумина се граничат со лудост, но за мене претставуваат активности за одмор и рекреација.

Иако најверојатниот исход од несреќа или грешка би бил кобен, токму овие спортови ве ставаат надвор од зоната на комфорот, откриваат потенцијал на извонредни човечки искуства и непроценливи моменти без кои животот би бил досаден!

На крајот на месец октомври во Скопје, но впрочем и во целиот свет, се случува една несекојдневна парада на мотоциклисти чие дефиле има за цел да ја подигне свесноста за важноста на машкото здравје. Минатата година бевте забележана како една од поатрактивните учеснички. Какво беше искуството и дали и годинава ќе го јавнете моторот за повисока цел?

- Се разбира, зошто да не. И јас и сопругот сме страсни мотоциклисти а ова е едно интересно дефиле и навистина е чест да се биде дел од неа. Можноста да се видите со останатите моторџии од градот и да се подружите за повисока цел е повеќе од добредојдена.

И на крајот на денот сметам дека е неопходно и машкиот дел од популацијата да се охрабри, поддржи и гласно да проговори за нивното здравје...така што, се гледаме набрзо низ улиците на Скопје.

Симона Павлов

Што имате да им препорачате на сите помлади девојки? Како да го избираат помеѓу она што нивното срце го посакува и она што се очекува од нив?

- Совет за девојките: Следете го срцето и борете се за тоа што го сакате, борете се за својата среќа, без разлика на очекувањата од околината. Уживајте во секој момент, создадете си предизвици кои ќе ги паметите и раскажувате со години, затоа што секој ден е единствен, неповторлив и бесценет.

Анкета

Анкета
Дали ќе гласате на референдумот на прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“
  • 25%
  • 5%
  • 70%
Се испраќа...

(Вкупно: 8838 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

- Мамо, што е љубовница?

- Тоа, мамино, е лоша тетка која ни краде од семејниот буџет.

- А љубовник?

- Е тоа е добар чичко, кој му помага на татко ти.