Скокни во Халквантура - голема наградна игра на Халкбанк
Почетна » Новости » Занимливости » Скокни во Халквантура - голема наградна игра на Халкбанк

Скокни во Халквантура - голема наградна игра на Халкбанк

„Скокни во Халквантура“ е новата голема наградна игра на Халкбанк и Mastercard, која на сите нови и постојни клиенти на банката им нуди можност да станат потенцијални добитници на Jeep Compass како главна награда.

Наградната игра веќе започна, а истата е предвидено да трае сѐ до 31 декември, по што ќе биде извлечен добитникот на атрактивната награда Jeep Compass, како и дополнителни пет вредносни ваучери со износ од по 10.000 денари.

Халквантура

„По минатогодишната наградна игра која забележа огромен успех во јавноста, одлучивме да ја продолжиме традицијата, па и оваа есен на нашите клиенти им нудиме вредни изненадувања за користењето на услугите на Халкбанк. Правилата за учество се навистина едноставни, односно со 10 трансакции со картичките Mastercard на Халкбанк и со користење уште 2 други услуги на банката, учесниците влегуваат во трката за главната награда. На овој начин, тие не само што имаат можност да уживаат во привилегиите на најдоброто банкарство, туку стануваат и потенцијални добитници на атрактивни награди во една необична ‘авантуристичка’ наградна игра“, изјави Атила Селим, директор на Дирекција за алтернативни канали на дистрибуција – маркетинг.

Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица, клиенти на Халкбанк, кои ќе направат најмалку 10 трансакции со дебитните и/или кредитните платежни картички Mastercard и кои до завршувањето на наградната игра, се корисници на минимум две од услугите: приматели на плата или пензија преку Халкбанк, дозволено пречекорување на трансакциската сметка, кредити, депозити, полиси за осигурување, електронско банкарство или, пак, услугата СМС-инфо.

Во наградната игра учествуваат трансакциите направени со која било кредитна или дебитна картичка Mastercard, односно Mastercard Debit Contactless; Mastercard Standard, Mastercard Contactless и Mastercard World издадени од Халкбанк, а за квалификување во играта, учесниците треба да пополнат Изјава за согласност на официјалната веб-страница на Халкбанк, со што ќе биде потврдено нивното учество.

Правилата за наградната игра се достапни на следниот линк»»», a повеќе информации за услугите на Халкбанк клиентите можат да најдат на веб-страницата www.halkbank.mk

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали таткото треба да присуствува во породилната сала за раѓањето на бебето?
  • 25%
  • 54%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 3083 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.