Почетна » Новости » Занимливости » Се одбележува Светскиот ден против употреба на природно крзно

Се одбележува Светскиот ден против употреба на природно крзно

Здружението за заштита на животната средина „Терра Флориа“ во соработка со новоформираното Здружение за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“ го одбележуваат Светскиот ден против употреба на природно крзно – последниот петок од ноември, 29 ноември 2013 година, т.н. Fur Free Friday на плоштад „Македонија“ во 15:00 часот. Настанот ќе започне со перформанс на тема „Крзното е шема за пештерска жена“, со што ќе се приклучи на околу стотина слични настани и организации ширум светот во борбата против една од најсуровите и најштетните индустрии.

Светскиот ден против употреба на природно крзно

Активистите потенцираат дека крзното не е нус-производ од ниедна друга индустрија, тука дека животните наменски се ловат или прекумерно се размножуваат само за таа цел – искористување на нивното крзно. Освен тоа, во стапиците што ги поставуваат ловците неретко се фаќаат и животни кои не биле нивна цел, па залудно умираат од инфекции, поминувајќи денови во агонија вклештени во челичните запци, немоќни да се ослободат, или, така беспомошни и повредени, стануваат лесна мета на предатори. Ловењето на животни за крзно доведува до истребување на цели видови кои и покрај изјавите дека повеќе не се ловат, сепак наголемо се ловат поради „квалитетното“ крзно. Еден од тие загрозени видови е и балканскиот рис.

Светскиот ден против употреба на природно крзно

Цели екосистеми изумираат поради мноштвото хемиски средства што индустријата ги користи за обработка и конзервација на кожите/крзната. Труповите на животните што се одгледуваат за крзно се неупотребливи, па нивното отстранување претставува дополнителна закана по животната средина. Сериозно загрижува загадувањето на воздухот што го предизвикува горењето на лешовите од овие животни, кој е чест начин на ослободување од телото. При ова горење во воздухот може да се ослободат јаглерод моноксид, азотен оксид, сулфур диоксид, солна киселина, опасни органски соединенија и тешки метали што доведуваат и до неконтролирано загадување на водите и почвата. Така, индустријата за крзно директно предизвикува страшни последици и по човековото здравје.

Дополнително на тоа, на фармите за животни што се одгледуваат за крзно се случува непоимлив хорор, далеку од очите на обичниот човек. Сите животни што „живеат“ на овие фарми ги чека истата судбина – давење во вода, гасни комори, анална и вагинална електрокуција, кршење на вратот, кршење на главата, претепување до смрт, дерење на живо, садистичко изживување какво што не можеме ни да си замислиме... Третманот, односно поточно кажано, злоупотребата на животните на тие фарми ги надминува сите граници на човековиот разум.

Светскиот ден против употреба на природно крзно

„Терра Флориа“ и „ЕДЕН“ ве покануваат да им се придружите во борбата за правата на животните, во борбата за основното право на живот – што ни припаѓа на сите по раѓање. Нивната цел е да им се покаже на граѓаните од Македонија и од светот дека општеството се менува и дека она што некогаш беше борба за права на жените, за права на црниот човек, денес стана борба за правата на животните – борба за живот, во нејзината најосновна и најчиста форма.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9534 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.