„Сестра ми не му е само тетка на моето дете, туку му е втора мајка“: Блогерка упати порака за тоа колку се важни тетките за децата
Почетна » Новости » Занимливости » „Сестра ми не му е само тетка на моето дете, туку му е втора мајка“: Блогерка упати порака за тоа колку се важни тетките за децата

„Сестра ми не му е само тетка на моето дете, туку му е втора мајка“: Блогерка упати порака за тоа колку се важни тетките за децата

Тетките имаат многу важна улога во животот на децата. Тие помагаат во воспитувањето на своите внуци, им откриваат нови светови, ги знаат нивните тајни, трпеливи се и полни со љубов.

Ешли Бивер напиша текст за да ѝ се заблагодари на сестра си за улогата која ја има во животот на нејзините деца, нарекувајќи ја нивна „втора мајка“.

Тетка Тетка

Драга тета Биби,

Никогаш не можев да замислам дека мојата врска со тебе ќе се промени откако ќе имам деца. Секогаш бевме блиски како сестри, но истовремено бевме многу различни. Ти го гледаш светот многу поинаку од мене, се облекуваш различно од мене, правиш сè поразлично од мене. Но, на денот кога му стана тетка на мојот син, ти стана и мој најблизок сојузник, моја најдоверлива личност.

Кога се пораѓав, ти беше таму за да ме поддржиш низ тоа непознато искуство. Ти го голтна твојот сарказам и твојата духовита страна и ми покажа само љубов и охрабрување. Заедно првпат го запознавме Лијам. Ти лееше солзи од тотална љубов за моето дете и прва го зеде в раце покрај неговите Мама и Тато. Тоа беше моментот кога си доби свое место во нашите животи, во животот на Лијам.

Во текот на годините, ти не стана само моја сестра, туку му стана втора мајка на моето дете.

Ти беше таму за да го гушнеш во тешките денови кога му никнуваа заби.

Ти беше таму кога леев солзи додека го држев моето ново бебе и се борев со хормоните по породувањето.

Ти беше таму да го научиш како да користи лажица.

Ти беше таму со шише вино на првата ноќ од тренингот за спиење.

Ти беше таму кога мојот син ги направи првите чекори.

Ти беше таму на првото наше искуство кога воведовме казнување за непослушност со тајм аут.

Ти беше таму за мене и за мојот сопруг кога имавме потреба да поработиме на нашата врска надвор од родителството.

Ти беше таму за да бидеш родител и систем на поддршка за мојот син кога ја добивме нашата ќерка.

Ти беше таму за да му ја дадеш на мојот син потребната смелост за да се збогува со цуцлата.

Ти беше таму за да ме замениш кога имав потреба од одмор.

Ти беше таму кога моето малечко дојде на неподносливата 2-годишна возраст.

Ти беше таму за секој празник, роденден и првите моменти.

Ти понекогаш си утеха, понекогаш воспитувач, понекогаш замислен пират и понекогаш давач на подароци.

Без тебе, мојот син не би бил комплетен. Ти си негов херој, негово безбедно место, негово прибежиште, негова втора мајка.

Без тебе покрај мене, јас не би била толку успешна мајка каква што сум денес. Твоето присуство во нашите животи никогаш не може да биде заменето.

Да бидам мајка не би било исто без мојата друга половина, мојата сестра.

Тетка Тетка Тетка Тетка

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 8605 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.