Семејството Заеви на ревија со деца со попреченост, ќерката и внуката на Премиерот зачекорија на пистата
Почетна » Новости » Занимливости » Семејството Заеви на ревија со деца со попреченост, ќерката и внуката на Премиерот зачекорија на пистата

Семејството Заеви на ревија со деца со попреченост, ќерката и внуката на Премиерот зачекорија на пистата

Вчера во Струмица по вторпат се одржа ревија под мотото „Убави сме, свои сме“, во која учествуваа деца со попреченост од повеќе градови од Македонија.

Семејството Заеви ја поддржа иницијативата која цели да руши барирери. Зорица, сопругата на премиерот Зоран Заев, заедно со нивниот син Душко од првиот ред ја следеше ревијата, додека нивната ќерка Александра зеде свое учество во модното шоу.

Ревија со деца со попреченост
Ревија со деца со попреченост

Секое од дечињата дефилираше на пистата заедно со позната личност од нашата држава и по едно свое другарче. И Ева Заева, внуката на Премиерот, и Љупка Митрова се вклучија во настанот.

Ревија со деца со попреченост Ревија со деца со попреченост Ревија со деца со попреченост Ревија со деца со попреченост

Ревијата е организирана од Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица.

„Нашата Струмица по втор пат беше домаќин на модната ревија под мотото 'Убави сме, свои сме' на децата со попреченост од повеќе градови во Македонија.“

„Денеска се чувствував многу горд кога гледам во мојата Струмица толку многу луѓе кои се подготвени да подадат рака, да ги срушат сите бариери и да помогнат. Јас од денеска од мојот речник го бришам зборот хендикеп. Во секој од нас има потенцијал кој само треба да го најдеме со сета своја енергија и сила. Утре е Ден на лицата со попреченост, но јас би го нарекол Ден на рушење на бариерите. Јас повеќе не признавам попреченост. Сакам сите заедно како на овој ден, сплотени да се избориме со сите можни бариери, физички, психички или било какви бариери во Струмица и нашата држава веќе не смеат да постојат. Да бидеме пример за сите, како може во една мала средина да се решаваат овие бариери“ –напиша на Facebook градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Ревија со деца со попреченост Ревија со деца со попреченост Ревија со деца со попреченост Ревија со деца со попреченост Ревија со деца со попреченост Ревија со деца со попреченост Ревија со деца со попреченост Ревија со деца со попреченост Ревија со деца со попреченост

Анкета

Анкета
Каде ќе го прославите доаѓањето на 2019 година?
  • 5%
  • 54%
  • 4%
  • 15%
  • 1%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 586 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.