Секој коктел раскажува приказна
Почетна » Новости » Занимливости » Секој коктел раскажува приказна

Секој коктел раскажува приказна

Кампари

Во Рим, центарот на италијанската кинематографија, оваа година симболично се отвори и започна новата кампања “Campari Red Diaries” (Црвените дневници на Кампари) - (Р)еволуција на Кампари календарот. Магијата на правењето на секој од 12-те коктели ни ја оживуваат 14 бармени кои нè носат на патување околу светот како и низ имагинацијата и приказните зад секој од коктелите, во непрекинат круг околу едно нешто: човековиот живот.

Кампари Кампари

Од Кампари нѐ уверуваат дека шејкерот на барменот не содржи само пијалоци, туку елементи кои еволуираат: места, спомени, чувства, искуства, знаења. Голтка по голтка, бармените ја пренесуваат инспирацијата како уметници и визионери.

Коктелот Кула Негрони (Kula Negroni) го оживува Џули Рајнер од САД која вели:

„Кога ги отворив очите, бев во кревет, дома. За момент помислив дека било сон, но тогаш видов дека држам миризлива црвена јагода во мојата рака. Истрчав до прозорецот, но морето пред мене беше мирно како никогаш досега, до каде што можев да видам.

Во тој момент сфатив дека таа вечер, на линијата помеѓу сонот и јавето, беше збогување на мојот остров и моето детство со мене. За мене, таа јагода во мојата рака, беше скапоцен подарок.

Никогаш не ја заборавив таа вечер и години подоцна, кога почнав со оваа работа, таа јагода беше инспирацијата зад моето ремек-дело, Кула Негрони.“

Кампари

Посетете го YouTube каналот на Кампари и уживајте во приказните одговорно.

На здравје!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 13%
  • 28%
Се испраќа...

(Вкупно: 4930 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?