Почетна » Новости » Занимливости » Самохран татко посвоил девојче со Даунов синдром кое претходно било одбиено од 20 семејства

Самохран татко посвоил девојче со Даунов синдром кое претходно било одбиено од 20 семејства

Италијанец си го остварил сонот да стане татко, посвојувајќи девојче со Даунов синдром, напуштено од мајката.

Лука Трапанесе добил родителски права над малата Алба кога таа била стара само 13 дена. Таа веќе била одбиена за посвојување од 20 семејства поради нејзиното нарушување.

Лука Трапанесе

41-годишниот маж воопшто не се плашел од дијагнозата на Алба зашто од својата 14-та година волонтирал и работел со деца со посебни потреби. Исто така, негова голема желба била да стане татко.

Кога во 2017 година добил повик дека има можност да посвои девојче со Даунов синдром, тој воопшто не се исплашил од предизвиците кои му претстоеле, и без размислување рекол „да“.

„Од 14 години волонтирам и работам со деца со посебни потреби, па чувствував дека го имам потребното знаење и искуство за да го направам тоа“ – смета Лука.

Лука Трапанесе Лука Трапанесе Лука Трапанесе

Лука вели дека ја почувствувал нивната поврзаност уште кога првпат ја зел во рацете.

„Кога првпат ја зедов во раце бев преплавен од радост. Веднаш почувствував дека ми е ќерка. Тогаш за првпат држев новороденче. Претходно, се плашев. Но, кога првпат ја држев Алба, знаев дека сум подготвен да ѝ бидам татко“ – изјавил тој.

Лука Трапанесе Лука Трапанесе

Сега, неговиот свет се врти околу Алба и тој постојано објавува заеднички фотографии на Instagram. „Ми донесе среќа и чувство на исполнетост. Се гордеам што ѝ сум татко“ – рекол тој.

Лука Трапанесе Лука Трапанесе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9533 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.