Ритуалот за убавина кој се прилагодува на мојот распоред
Почетна » Новости » Занимливости » Ритуалот за убавина кој се прилагодува на мојот распоред

Ритуалот за убавина кој се прилагодува на мојот распоред

Од дневникот на Марија

Марија

‘Tis the season to be jolly, а ништо не е толку jolly како мазни нозе во текот на целата година! :) Цел живот си се гордеам на густата, цврста, кадрава коса и со фактот што на секое паднато влакно ми растат 5 нови. Е сега, кога истото, во некоја послаба верзија, се однесува и на нозете и рацете - имаме проблем. Да ја додадеме во равенката и пресветлата, скоро бела кожа склона кон враснати влакна и досадниот атописки дерматитис кој се појавува кога ќе му текне... Не верувам дека проблем е вистинскиот збор.

И тогаш, по 10 години експериментирање, брдо фрлени пари и испокинати нерви, како Џон Кјузак и Кејт Бекинсејл во Serendipity, ја запознав Philips Lumea. Добро, не се сретнавме случајно во Блумингдејлс во Њујорк. Како студент на медицина кој се занимава со маркетинг во „слободно“ време, поминав долг период во читање (и штедење), со милион дилеми и прашања – од механизам на дејство до „како не, она прцле мало ќе ги отстранело моите влакна“.

Марија

Текстов, да предупредам, ќе биде прилично долг, со оглед на тоа што се трудев да го документирам секое искуство, третман по третман. Не знам дали може да се наречат „Lumea дневник“ моите хаотични белешки во џебното тетратче, но важно ми беше да си докажам себеси дека не згрешив со одлуката. Ќе се обидам најглавните заклучоци да ви ги опишам што е можно подетално, бидејќи знам колку за мене значеа туѓит е искуства.

Пред да почнам со пофалби поради резултатот од оваа цела година користење, би Ве советувала пред да ја купите или пред да почнете со било каков третман, да се консултирате со дерматолог. Има прекрасни професионалци кои со задоволство ќе Ви се посветат целосно и кои го познаваат секој тип на кожа. Јас во приказната сум само девојка која сакаше трајно да си ги отстрани влакната :) И читајте ги упатствата – ако пишува дека Lumea не смее да се користи на одреден дел од кожата, едноставно не го правете тоа.

IPL (Intense Pulse Light) технологијата се користи над 20 години, со различно траење, интензитет и бранова должина, за повеќе намени. Lumea е создадена за отстранување на несаканите влакна, во текот на користење можеби ќе забележите и други позитивни промени, но повторно, сè е индивидуално.

Марија Марија

Првиот третман беше на 20-ти јануари минатата година, откако на мал дел од раката тестирав дали по 24 часа ќе се појави некаква реакција. Влакната беа најгусти на рацете и задниот дел од надколеницата. За да проверам во колкава мера ќе ги снема, си поставив тест правоаголник со големина од 4 Lumea светлосни главички – околу 3x5cm. Започнав со околу 58 влакна во квадратчето. Сакајќи да бидам претпазлива, започнав со сетинг број 3 (5 е најсилно), но скоро веднаш се префрлив на 5 со оглед на тоа што мојата кожа е доволно светла, а влакната доволно темни за таа јачина на светлината. Во однос на болката... Претпоставувам секој е различен, но штом веќе го читаш ова, веројатноста дека си жена/девојка е 97% и за тебе болка не постои. Сериозно, не боли. Може да пецне еднаш-двапати, но ништо повеќе од тоа. И секако, помалку боли од восок или епилатор (јееј! :)). Првите три третмани беа без промена и се двоумев дали да продолжам со користење, но веќе неколку дена пред четвртиот третман почнаа сами да паѓаат кога се сушев со крпа по туширање. Да не заборавам, првите 10 третмани ги правев на 2 недели. По шестиот третман снема околу 50% од влакната, во тест квадратчето останаа 33 влакна, за по третманот број 12 да ми требаат недели за воопшто и да се појави некое, од тие подосадните. Помеѓу третмани, влакната ги отстранував со брич, бидејќи ми беше најсоодветно и најбрзо. Ќе имате и досадни делови кои ќе бидат доста поиздржливи од останатите, но со тек на време и тие ќе се средат.

Со едно полнење успевав да ги поминам потколениците и колената, а со две нозете и подлактиците.

Марија

Враснатите влакна веќе ги нема, ама баш ниту едно. Кожата се обнови и најголемиот дел од лузните се обновија, што за мене со сите претходни негативни искуства со други методи за отстранување влакна навистина нема цена. И не можам, а да не ја препорачам на сите кои ги познавам бидејќи ми олесни на начин кој никогаш не го очекував. Секој со сличен тип на кожа најверојатно ќе сфати за што зборувам.

Ја носам секаде и третмани си правам кога сакам и како сакам – па дури и кога со дечко ми гледаме филм со омиленото јадење и чаша вино. Се навикна на светкањето :) Си ја носев и на одмор, годинава ќе ме дружи и на скијање и ќе ми биде верен партнер во јануарската испитна сесија, но во нова и подобрена верзија. Philips Lumea BRI953 доаѓа со дополнителен сензор, додатоци за лице и препони, како и опција да се користи со или без кабел – што значи нема веќе чекање додека се полни и тоа навистина ме радува! Мојата SC2009 се’ уште функционира беспрекорно, но ќе и’ ја подарам на сестра ми бидејќи често се случуваше Lumea-та „магично“ да ми ја снема од фиока. :)

Некои совети за крај:

  1. Нема разлика како ги отстранувате влакната, дали со брич или епилатор или со восок. Најубаво е само да ги кратите во правец на растење, но во принцип е исто. Кожата треба да е релативно мазна, за да делува директно на коренот на влакното.
  2. Најдобар резултат имав кога ја користев после туширање, на убаво исушена и изладена кожа (околу 20 минути по туширање).
  3. Не ставајте ништо на кожата пред третманот. По третман – сè како и вообичаено.
  4. Не би требало да има потреба од напомена, но доколку користите брич, внимавајте на тоа како го чувате, и редовно менувајте го.
  5. Марија Доколку ја користите во летните месеци, избегнувајте сончање 24 часа по третманот. Доколку навистина мора да се изложите на сонце, заштитен лосион со СПФ 50 е императив. Да не заборавиме, тој треба да е императив и без каков и да е третман. Меланомот е многу пострашен од сè, а исончаната и незаштитена кожа одамна не е во мода.
  6. Она што мене навистина ми помогна беше мапирањето на правецот во кој расте влакното и третирање на секој дел во спротивен правец. (ако расте надолу, Lumea-та ја движите нагоре, ако расте кон десно, ја движите лево :))
  7. Бидете трпеливи и прилагодете ја рутината според искуството и според упатството. Додатно олеснување е и Lumea апликацијата за iOs и Android со чија помош нема да заборавите ниту еден третман.
  8. За среќниците со светли и невидливи влакна, Lumea не ви треба.
  9. Не сум ја користела на лицето и останатите делови од телото, немам потреба.

Lumea и јас продолжуваме со дружба, иако сега веќе доста ретко, скоро на 10 недели. За оние кои се двоумат, сега е идеално време да почнете со користење. Доколку имате било какви прашања, на мојот Instagram профил @mvladimirovnas може да ме контактирате за сè што ве интересира во врска со моето искуство со користење на Lumea, a за другите прашања, активен е и форумот на Фемина тука»

Дознајте повеќе за Philips Lumea тука»

Нешто повеќе за IPL кое можеби ќе ви користи: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3390232/

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 19%
  • 73%
  • 9%
Се испраќа...

(Вкупно: 22727 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.