Рикота – тајната состојка на италијанските десерти достапна и за македонските сладокусци
Почетна » Новости » Занимливости » Рикота – тајната состојка на италијанските десерти достапна и за македонските сладокусци

Рикота – тајната состојка на италијанските десерти достапна и за македонските сладокусци

Сирење кое е совршен додаток за пица или равиоли, но истовремено е главна состојка во различни видови италијански десерти како чизкејк или каноли. Тоа е рикота, едно од омилените сирења во Италија кое стана многу популарно низ целиот свет благодарение токму на неговата широка примена од солени до слатки специјалитети.

Ова сирење се прави од свежа сурутка од различни видови млеко, но дефинитивно најдобриот вкус се постигнува кога е направено од сурутка од овчо млеко. Со оглед на тоа дека сурутката е неговата главна состојка, рикота е нискокалорично сирење и поради тоа редовно се наоѓа на трпезата на луѓето кои внимаваат на тежината. Но, ова сирење е и прв избор на вистинските сладокусци кои сакаат да експериментираат со вкусовите.

Рикота

Рикотата потекнува од Италија, каде сѐ уште е нејзиното главно производство. Ова сирење се споменува уште во записите на Старите Римјани, но во тоа време не била премногу популарна меѓу населението поради тоа што како свежо сирење имала пократок рок на траење и тешко се дистрибуирала од овчарите до пазарите во урбаните места. Сепак, според старите записи, рикотата била позната и меѓу римските аристократи кои со задоволство ја консумирале.

Денес, различните региони во Италија ја приготвуваат рикотата на специфичен начин. Една од најпознатите видови рикота е таа од Сардинија, свежа, овча рикота со поцврста текстура. Поради нејзиниот слаткаст вкус, оваа рикота е омилена состојка во многу италијански десерти, но и во солени јадења како што се салати, пити, тестенини и пица.

Рикота

Традиционалната рикота од Сардинија кај нас може да се најде ексклузивно во маркетите на Веро, каде што го дистрибуира италијанската компанија „Леоне“, семејна компанија која повеќе од половина век се занимава со производство, зреење и дистрибуција на најквалитетни млечни производи со уникатен вкус.

Ако се издроби, ова сирење може да се измеша со различни додатоци како што се шеќер, цимет, карамелизирана кора од портокал, јагоди или изрендано чоколадо и да се послужи како десерт или како полнење во популарните сицилијански каноли. Измешана со јајце таа се користи како фил за пита, но и како вкусен додаток во пица, лазањи, равиоли, канелони или калцоне. За оние што внимаваат на тежината, рикотата е одлична замена за мајонез во салатите со јајце и туна.

Рикота

Како додаток кој е неопходен за приготување вкусни италијански рецепти, во Веро се продава и традиционалниот италијански путер (burro) кој исто така го дистрибуира „Леоне“. Овој путер е произведен од 100% најквалитетно италијанско млеко, што го прави совршен за различни сосови за пасти кои содржат путер. На пример, во едноставната „паста ал буро“ која е многу популарна во Италија, но и во САД, и која се служи само со путер и рендано тврдо сирење.

Слаткастиот вкус на рикота најдобро се комбинира со ароматично бело вино ризлинг, особено кога станува збор за десерти, како и со останатите десертни вина.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 69%
  • 13%
  • 18%
Се испраќа...

(Вкупно: 7136 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.