Психијатарот Бранислав Филиповиќ: „Ако детето многу се дере, значи дека веројатно во домот има многу дерење“
Почетна » Новости » Занимливости » Психијатарот Бранислав Филиповиќ: „Ако детето многу се дере, значи дека веројатно во домот има многу дерење“

Психијатарот Бранислав Филиповиќ: „Ако детето многу се дере, значи дека веројатно во домот има многу дерење“

Психијатар од Србија вели дека ако детето е разгалено, многу вика или често има напади на бес, родителите треба прво да се преиспитаат себеси.

Проф. д-р Бранислав Филиповиќ за „ТВ Прва“ зборуваше за детската хистерија, нападите на бес, разгаленоста и пореметениот систем на вредности и им подели важни совети на сите родители. Еве дел од неговите одговори:

Дете

„Кога добив близнаци, помислив дека баш ми треба упатство за употреба, но сите ние знаеме дека за децата такво нема. Сепак, родителите треба да знаат дека кога детето се фрла на подот во продавница, трговски центар или на кое било друго место, тоа не е хистрија. Тоа е напад на бес. Ние советуваме тоа да се игнорира, а кога детето ќе сфати дека не си ја постигнува целта, ќе престане со тоа однесување.“

„Самото однесување на децата е последица на однесувањето на родителите. Кога тие ќе започнат да се фрлаат така, иако тоа изгледа драматично, тоа не треба да го прифаќате како нешто страшно и на дерењето да одговарате со дерење. Секогаш набљудувајте, тоа е плач без солзи. Таквиот модалитет на однесување е резултат на навика, очекување дека со таквото однесување ќе си ја постигнат зацртаната цел“ – вели тој за детските напади на бес.

Филиповиќ ги потсетува родителите дека дерењето никогаш не завршува добро и дека родителите наместо да ја искажуваат својата нервоза, треба да се запрашаат што му се случува на детето.

„Децата кои се однесуваат така најчесто се чувствителни деца и имаат научен модел на однесување. Тие научиле дека така можат да задоволат некоја своја потреба. Ако детето многу се дере, значи дека веројатно во домот има многу дерење“ – вели психијатарот.

Според Бранислав, децата денес не добиваат доволно внимание од родителите, во смисла на разговори, шеги и игри, па затоа тие бараат начин да привлечат внимание кон себе.

„Разгалено дете е дете кое нема внимание од родителите и на кое родителите немаат време да му се посветат, па затоа детето наоѓа начин да привлече внимание и да го насочи кон себе.“

„Проблемот денес е што има малку деца. Ако имате едно дете или ако има голема разлика во возраста меѓу вашите деца, тогаш се случува таа форма на разгаленост. Кога има три деца едно по друго, тие сами се воспитуваат, тука нема време за хистерии. Во семејствата кои во минатото живееја на село, со пет деца, секој имаше своја улога и немаше време за фрлање по трговските центри. Немаше време ни за посета на трговски центри.“

„Ние добивме едно потрошувачко општество во кое родителите немаат време за разговори со децата. И со малите деца морате да си играте, да се шегувате, да разговарате. Еден од најдобрите примери кај децата за привлекување внимание е одбивањето да даваат рака кога се преминува преку улица. Ние советуваме во таквите ситуации сто метри претходно, родителите да започнат да се шегуваат со децата и сè многу лесно ќе помине. Пробајте и ќе видите“ – советува Филиповиќ.

Бранислав Филиповиќ

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 67%
  • 14%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 4039 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.