Почетна » Новости » Занимливости » Професионалците советуваат: Како до идеална фризура според обликот на твоето лице?

Професионалците советуваат: Како до идеална фризура според обликот на твоето лице?

Комерцијален текст

Секоја фризура не е за секоја жена! Она што добро изгледа и стои на кружното лице на Камерон Дијаз и Дру Баримор нема да изгледа така фабулозно на срцевидното лице на Рис Витерспун или Роус Мекгован. Затоа пред да се одлучиме за некоја фризура, потребно е да утврдиме каков е обликот на нашето лице и да се одлучиме за совршениот уред за правење на фризура.

Philips

Пoстојат 6 основни облици на женското лице, а само еден бренд за совршено негување на косата, Philips и неговата ProRange линија на производи со кои ќе постигнеме професионален изглед на косата во нашиот дом.

Најдобро е најпрво да ја заврзете косата и да застанете пред огледалото и добро да се загледате во тоа што го гледате. Поставете си го прашањето: Каде лицето ми е најшироко.

Замислете линија која прави рамка околу вашето лице, па погледнете дали тоа е округло, квадратно, срцевидно, овално, издолжено или дијамантно лице.

Сега кога ги утврдивме двете најважни работи, обликот на лицето и совршените уреди за стилизирање на фризурата, доаѓаме до одбирање на фризурата.

Овално лице

Овалното лице според многумина е најсовршениот облик на лице. Можете да ги носите скоро сите фризури од кратки, долги, рамни, виткани, а ваше е да одлучите дали ќе потстрижете шишки и со тоа ќе ги нагласите очите или класична боб фризура и ќе ја откриете вилицата.

Philips

И бидејќи се одговара на овој тип на лице, доколку имате долга коса - да ви олесниме за утрешната фризура, обидете се со лесно обликувани локни кои лесно паѓаат над рамениците. А тајната како тие најбрзо, најбезболно и најдобро се прават е - Auto Curler-от на Philips. Станува збор за уред со помош на кој секогаш ќе имате фризура како штотуку да сте излегле од фризерски салон. ProCare Auto Curler e совршениот уред кој ни овозможува да имаме совршени кадрици без мака и нервози со притискање на само едно копче. Освен перфектната фризура, овој уред на Philips ја чува нашата коса, не ја гори, а го задржува нејзиниот сјај и волумен.

Со ова ќе постигнеме еднакви локни кои ја ставаат нашата извиткана коса во центарот на вниманието.

Познати со овој облик на лице се Џесика Алба, Кејт Кадсон, Опра Винфри, Селма Хајек, Кејт Мидлтон, Џенифер Конели...

Philips

Срцевидно лице

Philips

Срцевидните лица се пошироки во делот кај челото и нежно се стеснуваат кон вилицата. Овој облик е познат како „превртен триаголник“.

Ако имаме вакво лице најдобро ќе ни прилегаат фризури кои ќе го оттргнуваат вниманието од нашата зашилена брада кон очите и јаболчниците, а најдобар рецепт за тоа е изразен страничен патец и префрлена коса на едно од рамената, која е права по целата должина и лесно извиткана на краевите.

Оваа фризура не само што го проширува лицето, туку и го одвлекува вниманието од зашилената брада.

Philips

Совршениот изглед за оваа фризура ќе го постигнеме со пеглата за коса ProCare на Philips која ни го нуди најдоброто што може да го понуди пеглата за коса: титаниумски плочки со најдобра топлинска спроводливост за брзо исправување на косата со оптимален притисок. Потребни се само 10 секунди за брзо исправување. И она што е најважно, ProCare пеглата за коса ја штити и потхранува ко сата со јони, правејќи ја секогаш блескава и мазна. Наполнетите негативни јони го елиминираат статичниот електрицитет и ја прават косата мазна по нејзината должина, го интензивираат нејзиниот сјај и ја истакнуваат нејзината убавина.

Познати личности со вакво лице се Џенифер Лопез, Рис Витерспун, Хали Бери, Зои Депанел, Ева Лонгорија...

Округло лице

Philips

Доколку имаме округло лице тогаш ширината на челото, јаболчниците и вилицата е еднаква, а вилицата е заоблена.

Разликата меѓу правоаголното и округлото лице е во рабовите. Правоаголното, т.е. квадратното лице има јаки и изразени рабови, додека округлото – помеки.

Philips

Округлите лица имаат тенденција да бидат помеки, без изразени рабови и со полни образи. Ако имаме вакво лице веројатно ќе сакаме да го издолжиме, а за тоа ќе мора да направиме што помалку волумен околу него. Еден од изборите е долгата коса, додека пак долгите шишки на страна, исто така ќе направат визуелни агли на вашето лице, но најчесто се препорачуваат безвременските, романтични кадрици до рамена.

Познати со ваков облик на лице се: Шарлиз Терон, Ема Стоун, Кирстен Данст, Кели Кларксон, Мила Кунис, Кетрин Зета-Џонс...

Квадратно лице

Philips

Имаме квадратно, т.е. правоаголно лице доколку ширината на нашето чело, јаболчниците и ширината на вилицата ни е еднаква. Разликата со округлото лице се острите, правоаголни линии и изразената брада. Ако имаме вакво лице тогаш треба да се сметаме се себе си за среќни, бидејќи ова е најфотогеничниот облик.

Најчесто, за овој тип на лице се препорачува патец на страна и силно испеглана права коса до рамениците, благо степенеста. За најлесно исправување, се разбира може да ви помогне ProCare пеглата на Philips. Плочките за исправување на косата имаат професионална должина од 110 mm, што овозможува брзо и лесно исправување.

Познати личности со овој облик на лице се: Ријана, Лејди Гага, Деми Мур, Анџелина Џоли, Луси Лу, Натали Портман, Оливија Вајл, Гвинет Палтроу...

Philips Philips

Долгнавесто лице

Philips

Совршени фризури за нашето долгнавесто лице се оние кои ќе ни додадат ширина на лицето.

Боб фризурите визуелно го шират лицето, па затоа тие и ни прилегаат. Треба да внимаваме со правата долга коса, па поради тоа ако веќе сакаме да носиме подолга коса, цврсто обликуваните кадрици со ProCare Auto Curler се оние на кои што треба да се насочиме.

Philips

Познати личности со долгнавесто лице: Лив Тајлер, Викторија Бекам, Ким Кардашија, Сара Џесика Паркер, Жизел Бундшен, Кортни Кокс...

Лице со облик на дијамант

Philips

Дијамант лице имаме ако тоа ни е најшироко кај јаболчниците, а челото и вилицата се со иста ширина, но потесни од јаболчниците.

За овој облик на лице одговараат истите стилови на фризури како кај правоаголното лице, но кај оваа форма, совршено прилега и цврсто затегната коса во реп со лесно обликувани локни. Овој облик на лице ни овозможува голем број на фризури и стилови, фризури со и без волумен, кадрици или пак права фризура.

Токму поради ова нашата препорака за обликување на косата е фенот ProCare кој ќе ни овозможи фантастична фризура без многу напор. Најчесто феновите се потценети кога станува збор за стилизирање на косата и правење на фризура, но сепак заклучокот е дека добар фен е еднакво на добра фризура.

Philips

Фенот ProCare на Philips е специјално дизајниран со AC мотор, кој е специјално дизајниран за професионалниот пазар и ни нуди многу придобивки. Најважно, неговиот век на траење е продолжен во однос на обичните мотори за 50%.

Згора на тоа, тој има дополнителен моќен проток на воздух кој овозможува брзо сушење на косата.

Исто како и професионалните фенови во фризерските салони, овој фен на Philips доаѓа со два многу тенки концентратори од 6 mm и 8 mm за многу прецизно стилизирање на косата.

Опцијата ThermoProtect temperature овозможува оптимално температура на сушење и дава дополнителна заштита на косата од прегрејување, додека јонскиот уред ја прави косата посјајна.

Philips

Познати личности со овој облик на лице се: Тајра Бенкс, Виола Дејвис, Серена Вилијамс...

Дознајте повеќе за Philips HairCare производите овде>>>

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.