Почетна » Новости » Занимливости » Поранешен Плејбој модел ѝ се извини на Меланија Трамп за аферата со Доналд

Поранешен Плејбој модел ѝ се извини на Меланија Трамп за аферата со Доналд

Бракот на Доналд и Меланија Трамп е обвиен во скандали. Неколку жени излегоа во јавноста со изјави дека во минатото имале сексуални врски со сегашниот претседател на САД.

Карен МекДугал со интервју за CNN раскажа како се одвивала нејзината 10-месечна афера со Доналд. Аферата започнала кратко време откако Меланија го родила единственото дете со Доналд – синот Барон.

Карен МекДугал

47-годишната Карен работела како Плејбој модел кога се запознала со Трамп. Откако извесно време одржувале контакт преку телефон, се сретнале за вечера во хотел. Уште на првата средба имале сексуални односи. На крајот на вечерта, таа раскажа дека била разочарана што Трамп ѝ понудил пари.

„Откако бевме интимни, тој се обиде да ми плати... Го погледнав и му реков: 'Тоа не сум јас. Не сум таква девојка'. Ме повреди што тој ме гледаше во такво светло“ - вели таа во интервјуто.

Карен МекДугал

Врската на Доналд и Карен продолжила до април 2007 година. „Кога гледам наназад, знам дека беше погрешно. Навистина ми е жал за тоа. Но, во тоа време, бев друга девојка, се забавував, бев на Плејбој сцената, уживав во животот колку што можев повеќе и кога започнав да се гледам со него, имавме вистинска врска, имавме вистински чувства... Длабоко во себе, имав голема вина, но сепак продолжив“ - изјави таа и потенцира дека биле вљубени еден во друг.

На прашањето дали некогаш разговарале за Меланија и Барон, таа одговори: „Јас никогаш не зборував за неговата жена. Тој еднаш ја спомна, тоа е единствениот пат на кој се сеќавам, кога рече дека таа е интелигентна жена и дека знае 4 или 5 јазици. Но, освен тоа, тој никогаш не зборуваше за неговата жена и јас никогаш не ја започнував таа тема. Очигледно има причина зошто јас не ја спомнував – зашто се чувствував виновна... Единственото нешто што тој го рече за неговиот син е: 'Нели името Барон е убаво име?' и јас реков 'Да е', го прашав како го избраа и тој ми кажа.“

Наводно, Карен ставила крај на аферата, затоа што се чувствувала виновна што има врска со женет маж.

Карен МекДугал

Кога новинарот Андерсон Купер ја праша Карен што би ѝ кажала на Меланија, таа одговори: „Што може да кажам, освен, извини, извини, не би сакала некој да ми го направи мене, извини.“

Карен МекДугал

Целото интервју за CNN

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.