Подгответе се за Hamilton Ventura
Почетна » Новости » Занимливости » Подгответе се за Hamilton Ventura

Подгответе се за Hamilton Ventura

Црно одело, склопени црни очила, неуролајзер, Hamilton Ventura.

„Божиновски часовници и накит“ пред јавноста го претстави официјалниот часовник на Men in Black International: Hamilton Ventura.

Повеќето филмски фанови веднаш можат да го именуваат филмот само по овој опис на основната униформа на Луѓето во Црно (MIB). Hamilton Ventura е исто така есенцијален дел од идентитетот на ликовите во MIB. Невообичаен, смел и со исклучителен изглед како и карактерите на тие што го носат, Вентура е идеален покажувач на времето за патувачите низ времето кои се борат против вонземјани кои се закануваат за мирот и опстојувањето на Земјата и земјаните. Филмот Men in Black (Луѓето во Црно) се базира на стрип со истото име и беше донесен на големото платно во еден грандиозно спектакуларен стил. Едноставно привлечен филм кој ја ангажира целата свест на гледачот толкуван од два извонредни глумци: Will Smith како Agent J и од Tommy Lee Jones, како искусениот Agent K. Извонредно цврстите карактери на Агентите Ј и К едноставно побаруваат часовник кој исто така глуми во филмот заедно со нив и претставува лик сам по себе.

Македонската публика на предпремиерната проекција на филмот, организирана специјално за гостите на „Божиновски часовници и накит“, имаше можност одблиску да се запознае со овој вонземски модел на часовници, кои беа изложени во Cineplex.

Hamilton Ventura Hamilton Ventura Hamilton Ventura Hamilton Ventura Hamilton Ventura Hamilton Ventura Hamilton Ventura Hamilton Ventura Hamilton Ventura

Hamilton Ventura часовникот помага во приказната со користење на времето како дел од самото сценарио, временски дисторзии, патување низ времето.... и на крај, Агентите секогаш се борат со некој краен рок кој едноставно е невозможен, а секунда потоа... планетата Земја може да исчезне засекогаш. Е во тие моменти, Вентура има главна улога, кога се одбројуваат последните секунди, а гледачите седат на ивицата од нивните седишта во нервозно исчекување. И покрај футуристичкото сценарио и неазмисливите справи со кои располагаат, Агентите носат едноставен аналоген кварцен Вентура, и тоа едноставно дава ретро-футуристички искуство за гледачите.

Агентот М (Теса Томсон) е нова актерка на големото платно, но направи храбар избор со оргиналниот Ventura со иноксна основа, со црни стрелки и црно кожно ремче, а Агентот H (Крис Хемсворт) како силен индивидуалист го избра моделот Ventura Automatic, со H10 автоматско движење и кафеави кожни ремчиња.

Hamilton Ventura Hamilton Ventura Hamilton Ventura Hamilton Ventura Hamilton Ventura

Познат по својот исклучително необичен облик кој му дава фантастичен изглед, Ventura е перфектен избор за овој филм исто како што беше перфектен изборот на глумците.

Уште од 1932 година Hamilton часовниците се во срцето на холивудската кинематографија. Се имаат појавено во преку 500 филмови и се внимателно избирани за да го дефинираат карактерот на ликовите и да го подобрат заплетот во филмот, правејќи го брендот своевиден симбол на Холивуд.

„Ventura e еден од најпознатите модели на часовници на Hamilton и истиот стана култен после првото појавување во филм со Елвис Присли во 1957 година, а од 1997 година овој модел е дел од впечатливата униформа на луѓето во црно“, појаснија од „Божиновски часовници и накит“.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9313 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?