Подарок што пропатува цел океан за да стигне во Крушево
Почетна » Новости » Занимливости » Подарок што пропатува цел океан за да стигне во Крушево

Подарок што пропатува цел океан за да стигне во Крушево

Комерцијален текст

Илјадниците километри оддалеченост од Марија во еден миг исчезнаа кога Жаклина Палеска Трајчулеска го доби подарокот што во име на нејзината ќерка ѝ го достави тимот на Септолете Тотал на прагот од нејзиниот дом во Крушево. Имено, Жаклина е една од трите мајки кои беа одбрани во јавниот повик инициран од Септолете Тотал во намерата да израдува една посебна мајка, номинирана од своите најблиски, мајка која ја користела моќта на своето грло да инспирира, мотивира, поддржи или ги охрабри своите најмили.

Мајка и ќерка

Со оваа иницијатива Септолете Тотал сакаше да оддаде должна почит и восхит кон мајките, во насока на препознавање на жените што имаат позитивна улога во животот на своите најмили, мајките што благосостојбата на своите деца ја ставиле над своите потреби и голем дел од својот живот го посветиле во зајакнување на потенцијалите на своите деца.

Во многуте пристигнати пораки и писма, тимот на Септолете Тотал ги препозна трите писма во кои најавтентично, најверодостојно и најживописно е раскажана улогата и придонесот на мајката.

Марија Трајчулеска која во моментов престојува во САД ја испрати својата порака, надевајќи се дека ќе биде една од избраните поединци кои сакаат да ја израдуваат својата мајка со мал момент што ќе и го стопли срцето. Среќата и се насмевна кога Септолете Тотал во нејзино име испрати пакет со подароци и писмо до Жаклина.

подарок

„Солзи радосници, возбуда и неверување беа првите реакции кога го отворив подарокот и го прочитав писмото што во име на мојата ќерка Марија го добив од Септолете Тотал. По тоа следуваше цел час разговор по скајп со ќерка ми и образложување како овој подарок во суштина го пропатува целиот океан и стигна до мене. Верувам дека секоја мајка го прави она што смета дека е најдобро за своите деца и никогаш не очекува ништо за возврат, но кога ќе добиете вакво признание од сопственото дете, знаете дека ништо не било залудно“ изјави Жаклина Палеска Трајчулеска, една од наградените мајки.

Со оваа иницијатива Септолете Тотал сакаше не само формално, туку и суштински да ги демонстрира своите вредности, како бренд што се залага за препознавање и искажување на благодарност кон мајките, но и кон сите други поединци што имаат позитивен импакт во животот на останатите.

Моќта на грлото е огромна и тоа ни овозможува да се изразиме најдобро што знаеме. Тоа е основната идеја позади Септолете Тотал, што ја слави моќта на здравото грло и моќта на мајката од своето дете да култивира поединец полн со љубов, сочувство и грижа за својот родител.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 22%
  • 71%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 6002 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.